Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кајли Џенер и Тревис Скот „на пауза“ по 2 години врска

Според изворот на веб-сајтот E! News, Кајли Џенер и Тревис Скот прават пауза, после 2 години заедно.

kylie-jenner-i-travis-scott-pravat-pauza-posle-2-godini-zaedno-01.jpg

„Кајли и Тревис не раскинуваат официјално, туку им треба простор. Повторно имаа несогласувања, но сепак се гледаа изминатиов месец. Се расправаа за смешни работи и Кајли може да биде навистина скептична во врска со Тревис“, споделил изворот на веб-сајтот.

Наводно, и двајцата одлучиле дека е најдобро да бидат одвоени додека да се смири ситуацијата.

Тревис бил во неговиот дом во Беверли Хилс, а Кајли му дозволувала да ја види Сторми.

kylie-jenner-i-travis-scott-pravat-pauza-posle-2-godini-zaedno-02.jpg

Според гласините, Кајли и Тревис биле разделени уште минатиот месец.

Покрај тоа, изминативе неколку дена, Кајли беше во Јужна Каролина за венчавката на Џастин Бибер и Хејли, заедно со ќерката Сторми, но без Тревис.

Парот последен пат е виден заедно на 27-ми август, а Кајли нема објавено ништо заедничко од 10-ти септември

Минатиот март парот заедно отиде на одмор, после гласините дека Тревис наводно ја изневерувал Кајли.

22-годишната Кајли и 28-годишниот Тревис прв пат се појавија заедно во 2017-ма година, за време на фестивалот Coachella. Неколку месеци подоцна, Кајли остана бремена, а во февруари 2018-та, ја роди Сторми.

kylie-jenner-i-travis-scott-pravat-pauza-posle-2-godini-zaedno-03.jpg

Според изворите, ова не е прва разделба на парот. Засега, нивниот статус бил комплициран, но сепак биле сингл.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дејвид Бекам сече мисирка, Северина со семејството: Како познатите го прославија католичкиот Божиќ? Кардашијанс се пофалија со скапите подароци, Џеј Ло прослави со децата и сестра ...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
„Тајно ја зјапав, беше многу згодна“ – Тревис Баркер бил загреан за Ким, пред да се вљуби во сестра ... „Постојано скришно зјапав во Ким, не ми е гајле ако таа е гардероберка, многу е ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер? Иако се заедно веќе две години, фановите на Тимоти Шаламе до денес ја критикуваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg