Анџелина Џоли, Џастин Бибер и уште 8 познати личности кои биле израснати од самохрани мајки

Пети Малет, мајката на Џастин Бибер

Пети е канадски писател и продуцент. На 15-годишна возраст таа започнала врска со Џереми Бибер, а 3 години подоцна го родила Џастин.

Набрзо откако се родила идната поп ѕвезда, Пети и Џереми се разделиле, а Пети сама го израснала Џастин.

Кога бил дете, Џастин научил да свири пијано, гитара, труба и тапани. Кога имал 12 години, Пети објавила видео од негова песна, а токму ова видео го направи популарен.

Денес Џастин е еден од најпродаваните музичари во историјата на Канада.

angelina-jolie-justin-bieber-i-ushte-8-poznati-lichnosti-koi-bile-odgledani-od-samohrani-majki-07.jpg

Аманда Корнет, мајката на Селена Гомез

Аманда ја родила Селена на 16 години. Кога пејачката имала само 5 години, Аманда и нејзиниот сопруг, Рикардо, се развеле.

Аманда била театарска актерка, сама ја израснала Селена и ја инспирирала да стане пејачка.

Селена се прослави после соработкатата со Disney, а веќе на 17 години стана светски популарна пејачка.

angelina-jolie-justin-bieber-i-ushte-8-poznati-lichnosti-koi-bile-odgledani-od-samohrani-majki-08.jpg

Донда Вест, мајката на Кање Вест

Родителите на Кање се развеле кога тој имал само 3 години. Неговата мајка работела како професорка по англиски на Универзитетот Чикаго и отсекогаш го поддржувала син ѝ да стане музичар.

Кога кариерата на Кање тргнала во нагорна линија, Донда се откажала од работното место и станала негов менаџер.

Денес пејачот има добиено над 20 Греми награди и се најде на листата на Time за 100-те највлијателни луѓе во светот.

angelina-jolie-justin-bieber-i-ushte-8-poznati-lichnosti-koi-bile-odgledani-od-samohrani-majki-09.jpg

Џуди Ло, мајката на Кејт Бекинсејл

Џуди била во брак со телевизискиот актер Ричард Бекинсејл, со кого ја имала Кејт. Кога Кејт имала 5 години, татко ѝ починал од инфаркт, па Џуди морала сама да се грижи за неа.

Благодарение на мајка си, Кејт ги засакала киното и театарот.

Кога била млада, Кејт почнала да го изучува рускиот јазик на Универзитетот Оксфорд, но се отпишала кога решила да стане актерка.

angelina-jolie-justin-bieber-i-ushte-8-poznati-lichnosti-koi-bile-odgledani-od-samohrani-majki-10.jpg

Бети Лу Бредемус, мајката на Џулија Робертс

Актерката Бети и нејзиниот сопруг, драматургот Волтер Робертс, имале 3 деца – Ерик, Лиза и Џулија.

Парот често имал несогласувања, а кога Џулија имала 5 години, решиле да се разделат. Една година подоцна, Бети повторно се венчала, но и овој брак завршил за кратко.

Денес Џулија е една од најплатените холивудски актерки и е избрана за најатрактивна личност на планетата дури 12 пати.

И покрај тоа што е популарна и со полн распоред, таа се обидува да биде со своите деца што е можно повеќе.

angelina-jolie-justin-bieber-i-ushte-8-poznati-lichnosti-koi-bile-odgledani-od-samohrani-majki-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
Бившата на Канје Вест топлес на Кански – Дали ова е најневкусното издание на фестивалот досега? (фот... Џулија Фокс на Кан се појави во „фустан за пумпање млеко“. Горниот дел има корсе...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg