Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Инспириранa од принцезата Дијана: Кејт Мидлтон во сина комбинација во Пакистан (фото)

Вчера, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пристигнаа во Пакистан, на првата кралска турнеја во државата после повеќе од цела деценија.

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-01.jpg

Кралскиот пар ќе има навистина напорна недела, пред да се врати во Англија во петок.

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-02.jpg

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-03.jpg

Војводата и војвотката од Кембриџ го започнаа првиот ден од турнејата со посета на училиште, со цел да ја нагласат важноста на образованието.

Парот го посети колеџот Islamabad Model, каде што прошетаа низ училниците и се фотографираа со учениците.

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-04.jpg

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-05.jpg

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-06.jpg

За овој настан, Кејт одбра комбинација дизајнирана од локалниот дизајнер Махин Кан – традиционална сина туника и шал.

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-07.jpg

Во училиштето се запишуваат ученици на возраст од 4 до 18 години, и моментално се применува програмата Teach for Pakistan, која е фокусирана на подобрување на квалитетот на образованието на деца од сиромашни семејства.

Кога слетаа во понеделникот навечер, Вилијам и Кејт беа пречекани од пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Мехмуд Куреши, и неговата сопруга.

После пречекот, парот се упати кон нивниот престој за оваа недела, во главниот град Исламабад.

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-08.jpg

Кејт и Вилијам како да ги следат чекорите на принцезата Дијана, која неколку пати ја посетуваше државата од добротворни причини. Најверојатно, Кејт побарала инспирација кај Дијана и за нејзиниот изглед минатата вечер.

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-09.jpg

Парот се надева дека ќе запознае што е можно повеќе Пакистанци, особено млади луѓе, и се надеваат дека ќе се подобри образованието на девојките и младите жени.

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-10.jpg

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-11.jpg

vilijam-i-kejt-na-kralska-turneja-vo-pakistan-foto-12.jpg

Истовремено, тие ќе разгледаат како заедниците во Пакистан се справуваат и прилагодуваат на климатските промени и сакаат да разберат нешто повеќе за безбедноста во регионот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Кејт Мидлтон: „Конечно завршив со хемотерапија по 9 тешки месеци, ракот е страшно патување“ „Како што се наближува крајот на летото не можам, а да не ви кажам какво олеснув...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg