Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како Ријана се справува со оние кои ѝ го нарушуваат личниот простор? (видео)

Дали и вие се нервирате кога некој не ви го почитува личниот простор, премногу ви се приближува и остварува физички контакт со вас? Ријана има решение за тоа...

kako-rijana-se-spravuva-so-onie-koi-i-go-narushuvaat-lichniot-prostor-video-01.jpg

Иако е опуштена и нема проблем со тоа да влегува во гужви, сепак таа има граници до каде некој може да ѝ влегува во личниот простор.

За време на фестивалот Rolling Loud, Рири одржа лекција како да се справите со луѓето кои не си ги знаат границите – директно и без многу толерирање.

Заедно со раперот A$AP Rocky, таа се забавуваше и уживаше во атмосферата на фестивалот за време на „рап битка“.

Во одреден момент, еден дечко се опушти и реши дека е нормално да ја прегрне и да ја стави раката околу неа, па Ријана смирено му ја тргна и го „врати“ на место.

Но, кога група луѓе почнаа да се „лепат“ до неа и да ѝ влегуваат во личниот простор, пејачката се почувствува неудобно и директно си ја побара својата приватност, кажувајќи им јасно дека ѝ треба простори да се повлечат назад.

Па, ако некогаш ви е непријатно некому да кажете дека ви треба простор и не се чувствувате комфорно кога некој е толку блиску до вас, сетете се на оваа техника на Ријана. Директно и без многу толерирање...

kako-rijana-se-spravuva-so-onie-koi-i-go-narushuvaat-lichniot-prostor-video-02.gif

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ријана искрена за паѓањето на косата по бременоста: „Барем станав покреативна со моите фризури“ „Паѓањето на косата не беше во прирачникот за бременост. И, не очекував да се сл...
Ријана во скут кај Дедо Мраз и уште 13 ретро новогодишни фотки од славните кога биле мали Ретро новогодишен времеплов од стари фотки на славните личности будат носталгија...
Ејсап Роки падна врз Ријана за да ја прегрне, таа плаче од среќа – раперот избегна 24-годишна казна ... Откако беше прогласен за невин за вооружен напад од 2021-ва, Ејсап Роки истрча к...
„Ме остави за пејачка откако му родив дете“: Бившата на дечкото на Аријана Гранде емотивна за болнио... „Не мислев дека некогаш ќе се разведам. Особено не откако го родив моето прво де...
Ријана пресреќна на концерт на Мараја Кери – доби автограм на градата, му „тверка“ на дечко ѝ (видео... На последниот концерт од божиќната турнеја на Мараја Кери, во публиката беше и Р...
Дојде последна, откри дека е третпат бремена - Ријана издоминира на Мет гала 2025 37-годишната пејачка ја изненади јавноста кога преку тесната креација на црвенио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg