Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хоакин Феникс, Мајли Сајрус и уште 10 ѕвезди кои се вегани

Били Ејлиш

Били стана веган во 214-та година и ги охрабрува сите нејзини фанови да го направат тоа.

Со помош на нејзиниот Instagram профил, таа се обидува да им покаже на нејзините фанови дека животните се измачувани, за ние да ги јадеме.

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-08.jpg

Натали Портман

Натали била вегетаријанец поголемиот дел од нејзиниот живот, а стана веган во 2011-та година. Оскаровката често зборува за тоа дека денес е полесно од кога било да станете веган.

Со цел да ја пренесе пораката, Натали дури се појави и како наратор во документарецот Eating Animals, во кој е прикажана реалноста во фармите во Америка.

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-09.jpg

Зек Ефрон

Во 2018-та година, младиот актер сподели дека е веган.

„Експериментирав со јадење само веганска храна. Ова целосно го помени начинот на којшто работи моето тело.“

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-10.jpg

Аријана Гранде

Љубовта кон животните на Аријана ѝ помогна да стане веган, во 2013-та година. Пејачката смета дека растителната храна може да го продолжи животот и да ве направи посреќни.

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-11.jpg

Питер Динклиџ

Уште кога бил тинејџер, Питер решил да стане вегетаријанец. Во 2014-та година, актерот се префрли на веганска исхрана.

Питер долго време е вклучен во групи кои се залагаат за правата на животните, па најверојатно ова го инспирирало да го смени начинот на исхрана.

„Купувајќи месо, јајца и млечни производи, вие плаќате за суровост“, изјави актерот.

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-12.jpg

Хоакин Феникс и Руни Мара

Хоакин и Руни не се само најталентираниот холивудски пар, туку и двајцата се вегани.

Хоакин станал веган уште како дете, после едно одење на риболов.

„За да ги онесвестат, ги удираа рибите од страната на бродот. Имав многу силна реакција. Тоа ми изгледаше како вистинска неправда.“

Руни, пак, стана веган во 2011-т а година, една година пред да го запознае Хоакин.

poznati-lichnosti-koi-se-vegani-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg