Славни жени кои родиле здрави дечиња после спонтан абортус

Никол Кидман

Минатата година, актерката откри дека имала вонматерична бременост, кога била во брак со Том Круз. Пред крајот на нивната врска, таа имала и спонтан абортус.

За среќа, во 2008-ма година Никол ја роди нејзината ќерка Сандеј, а во 2010-та ја доби Феит, од сурогат мајка.

nikol-kidman-maraja-keri-poznati-zheni-koi-rodile-posle-spontan-abortus-06.jpg

Брук Шилдс

Актерката пишуваше за нејзиниот спонтан абортус во автобиографијата во 2006-та година.

Потоа, таа ги роди ќерките Грир и Роуан.

nikol-kidman-maraja-keri-poznati-zheni-koi-rodile-posle-spontan-abortus-07.jpg

Кортни Кокс

Во март 2019-та, ѕвездата од „Friends“ сподели дека имала многу спонтани абортуси. Сепак, Кортни не се откажала и во 2004-та година ја роди ќерката Коко.

nikol-kidman-maraja-keri-poznati-zheni-koi-rodile-posle-spontan-abortus-08.jpg

Деми Мур

Во нејзината автобиографија „Inside Out“, актерката сподели дека изгубила ќерка во шестиот месец од бременоста, чие име требало да биде Реј Чаплин.

Ова се случило на почетокот на аферата со Ештон Кучер, во 2003-та.

Деми и Ештон немаат заеднички деца, но од првиот брак со Брус Вилис, таа има три ќерки.

nikol-kidman-maraja-keri-poznati-zheni-koi-rodile-posle-spontan-abortus-09.jpg

Кери Андервуд

Во 2015-та година, пејачката го роди синот Исаја Мајкл, а набрзо потоа беше дијагностицирана со „секундарна неплодност“.

Следните две години, Кери имаше 3 спонтани абортуси. Во 2019-та година среќата ѝ се насмевна, па Кери го роди вториот син – Џејкоб Брајан.

nikol-kidman-maraja-keri-poznati-zheni-koi-rodile-posle-spontan-abortus-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg