Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џим Кери од 15 години го издржувал семејството - Како стигнале до успех славните ѕвезди?

Не сите луѓе се откажуваат уште на првата пречка во животот. Има и такви кои се борат по секоја цена и не престануваат да сонуваат.

poznati-licnosti-so-inspirativni-zivotni-prikazni+01.jpg

Многу од познатите личности имале проблеми и потешкотии да успеат на почетокот, но со нивната волја и желба за работа „прегазувале“ се пред себе.

Ние издвоивме 5 од многуте познати личности кои не стинале толку лесно до успехот:

Сара Џесика Паркер

Родена и израсната во сиромашно семејство во Охајо, со разведени родители. Таа била најмала од четирите деца во нејзината фамилија. Уште како мала покажувала интерес кон танцувањето и глумата, па затоа нејзината мајка ја охрабрувала да ги следи нејзините соништа.

На само 11 години отишла на првата аудиција во Њујорк за претстава на Бродвеј. Оттогаш па до денес работи напорно и не дозволила фактот што била родена во сиромашно семејство да ја спречи да размислува на „големо“.

Волт Дизни

Денес Дизни претставува синоним за детство. Но, не било од секогаш така. Само една година по отварањето на неговата компанија, тој се соочил со банкрот, поради недостаток на финансии.

Денес сите знаеме до каде е стигната Дизни компанијата и колку е позната на светско ниво. Нема дете кое е израснато без приказните на Дизни.

Опра Винфри 

Уште како девојче била жртва на сексуално насилство, а на 14 години останала бремена и родила дете кое починало после две недели. Но, иако многумина би се откажале од животот после ваков пресврт на настани, Опра се запишала на факултет и добила целосна стипендија.

За да стигне од обичен локален известувач на дневни вести, до успех на интернационална ѕвезда, Опра морала да преброди многу работи-почнувајки од расизам па до сите критики кои ги добивала за нејзината килажа.

poznati-licnosti-so-inspirativni-zivotni-prikazni+02.jpg

Џим Кери

Уште на 15 години бил приморан да го оддржи своето прво стенд ап шоу, бидејќи неговата фамилија се соочувала со финансиска криза. На 16 години престанал да оди на училиште и целосно се посветил на кариерата како комичар.

На почетокот имал многу потешкотии кога се преселил во Лос Анџелес, но сè се променило кога ја добил улогата во „Глупавиот и поглупавиот“ во 1994 година.

Џ. К. Ролинг

Точно три години пред да ја издаде првата „Хари Потер“ книга, таа едвај наоѓала пари за да го прехрани своето новородено бебе.

„Хари Потер“ била одбивана многу пати од многу различни издавачи, но конечно еден мал издавач од Лондон решил да ѝ даде втора шанса. Останатото е историја.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Опра низ солзи зборува за мајка ѝ што ја избркала од дома кога останала бремена: „Не можам да кажам ... „Знам дека го правела тоа што знаела, но тоа не било доволно да бидам нахранета ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg