Џон Леџенд е најсекси маж за 2019-та - Каква е реакцијата на Криси?
- Детали
- среда, 13 ноември 2019
Талентираниот 40-годишен пејач оваа година ја доби наградата од PEOPLE за најсекси маж.
После првата Греми награда во 2006-та, кариерата на Џон тргна во нагорна линија. Пејачот стана една од најголемите ѕвезди на денешницата, но остана приземјен како и секогаш.
„Бев возбуден, но истовремено ми беше и страв поради притисокот. Сите ќе ме набљудуваат за да видат дали сум доволно секси за да ја задржам титулата. Исто така, ја добив наградата после Идрис Елба, што не е фер и не е добро за мене!“, изјави пејачот.
Џон изјави и дека му е мило што неговата сопруга, Криси Тајген, е горда на него.
„Конечно ја импресионирав“, вели Џон.
Криси е дефинитивно импресионирана, а ја сподели својата радост на навистина интересен начин. Таа изјави дека едвај чека да ги слушне поделените мислења на луѓето.
„Едвај чекам луѓето да се налутат бидејќи Џон е избран за најсекси маж.“
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1194428483402788865&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.yahoo.com%2Fentertainment%2Fsee-chrissy-teigen-apos-epic-022024028.html
Криси откри и дека нивните деца воопшто не се импресионирани од достигнувањето на татко им.
„На децата… не им е гајле“, стои во објавата на Криси.
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1194427221965852672&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.yahoo.com%2Fentertainment%2Fsee-chrissy-teigen-apos-epic-022024028.html
Сопругата на Џон ја промени и нејзината биографија на својот Twitter профил:
„Спијам со најсекси мажот според PEOPLE.“
А, нејзината возбуда може да се забележи и на другите објави.
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1194425702021390336&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.yahoo.com%2Fentertainment%2Fsee-chrissy-teigen-apos-epic-022024028.html
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1194448571338149888&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.yahoo.com%2Fentertainment%2Fsee-chrissy-teigen-apos-epic-022024028.html
И Џон се пошегува на негова сметка во врска со новата титула. На Instagram, пејачот направи споредба со Идрис Елба и негова фотографија од минатото.
„Џон од 1995-та би бил збунет ако треба да го следи Идрис Елба од 2018-та. Всушност, Џон од 2019-та е исто збунет, но благодарам што мислите дека сум најсекси.“
Џон Леџенд е 34-тиот најсекси маж според PEOPLE и им се придружи на најзгодните холивудски мажи. Првото „доделување“ на наградата беше во 1985-та година, која тогаш му припадна на Мел Гибсон.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





