Фановите разочарани од концертот на U2 - Редици долги 1 километар, за влез се чекало од 8 наутро

Во петокот навечер, познатиот музички бенд имаше концерт во Сиднеј.

fanovite-na-us-gnevni-so-chasovi-chekale-da-vlezat-na-koncert-01.jpg

Но, голем број фанови останале разочарани откако со часови чекале во редица долга цел километар. За ситуацијата да биде уште полоша, во текот на целат вечер врнел и дожд.

fanovite-na-us-gnevni-so-chasovi-chekale-da-vlezat-na-koncert-02.jpg

fanovite-na-us-gnevni-so-chasovi-chekale-da-vlezat-na-koncert-03.jpg

Фановите почнале да застануваат во редица уште во 8 наутро, а предгрупите на U2 почнале да свират во 18:30. Но, час и пол подоцна, фановите почнале да се жалат дека редицата за влегување сè уште е долга најмалку еден километар.

На Twitter се појавија многу фотографии и снимки кои го покажуваат огромниот метеж.

fanovite-na-us-gnevni-so-chasovi-chekale-da-vlezat-na-koncert-04.jpg

Дел од фановите го пропуштиле почетокот на шоуто, иако некои платиле и по 530 долари за влезница. Откако, пак, успеале да влезат, ги дочекало уште едно разочарување.

Многумина биле разочарани бидејќи бил исклучен големиот екран во салата, а како за влез, долго се чекало и за храна и пијачки. Еден фан изјави дека чекал дури 30 минути за едно пакетче чипс.

fanovite-na-us-gnevni-so-chasovi-chekale-da-vlezat-na-koncert-05.jpg

„Ова е ужас. Имаше огромен ред да влез, нема доволно штандови за храна и пијачки, па и овде има редици. Никој не може да ги најде тоалетите“, изјави тој.

fanovite-na-us-gnevni-so-chasovi-chekale-da-vlezat-na-koncert-08.jpg

Од организацијата изјавиле дека ќе го вклучат големиот екран после четвртата песна, но фановите споделија дека четвртата песна долго била завршена, а екранот сè уште бил исклучен.

fanovite-na-us-gnevni-so-chasovi-chekale-da-vlezat-na-koncert-06.jpg

fanovite-na-us-gnevni-so-chasovi-chekale-da-vlezat-na-koncert-07.jpg

fanovite-na-us-gnevni-so-chasovi-chekale-da-vlezat-na-koncert-09.jpg

Покрај сето ова, бината била поставена прениско, па голем дел од фановите не можеле воопшто да видат што се случува на неа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Неколкупати пробала да се самоубие, си го мразела синот: Детали за бурната младост на Брижит Бардо Татко ѝ ја камшикувал, добивала смртни закани поради улогите, а пробала да се са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg