Познати личности кои не трошат пари на јахти и дијаманти, туку го спасуваат светот

Според статистиката, во 2017-та година во Америка околу 410 милијарди долари биле донирани во добротворни цели.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-01.jpg

Ширум светот, 41% од луѓето кои донираат ги дават парите за жртвите и последиците од природните катастрофи, а 31% донираат пари за невладини организации и добротворни организации надвор од нивната држава. Останатиот дел од парите е дониран за образование, животни и слично.

Овде голема улога имаат познатите, бидејќи тие донираат најголем дел од парите. Иако можеби за нив тоа е незначајна сума, со ова тие даваат пример и ги мотивираат сите да помогнат колку можат.

А некои познати навистина се истакнуваат со нивните донации.

Луѓето во продолжение не ги трошат своите пари на јахти и дијаманти, туку сакаат со нив да го направат светот подобро место за живеење:

Киану Ривс

Во 2003-та година, Киану изјави дека веќе има доволно пари за да живее наредните неколку векови. За актерот е добро познато дека е многу дарежлив и голем дел од заработката од трилогијата „Matrix“ им ја дал на тимовите одговорни за костимите и специјалните ефекти.

Покрај тоа, Киану води и приватна фондација која донира милиони за детски болници и истражувања за рак. Оваа болест му е добро позната на актерот бидејќи во 1991-ва, неговата сестра беше дијагностицирана со леукемија.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-02.jpg

Леонардо ди Каприо

Фондацијата Леонардо ди Каприо беше основана во 1998-ма, и веќе има донирано над 80 милиони долари за над 20 проекти од областа на екологијата.

Актерот обично соработува со партнери со локализирани проекти од целиот свет.

Покрај тоа, Леонардо неколкупати има држено говори за проблемот со климатските промени, а инвестира и во вегански компании.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-03.jpg

Џорџ и Амал Клуни

Познатиот пар ја основа фондацијата Clooney Foundation for Justice. Фондацијата има 2 програми чија цел е да ги разоткрие прекршоците на човечките права.

Фондацијата им дава пари на бегалците и ранливите и маргинализирани заедници и им помага одново да го изградат својот живот. Истовремено, се обидуваат да ги спојат и децата кои биле одделени од родителите на границата на Мексико и САД.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-04.jpg

Џон Сена

За професионалниот атлет е познато дека често соработува со фондацијата Make-A-Wish. Засега, тој е личноста која им има исполнето најмногу детски желби преку фондацијата.

Во 2012-та, Џон започна кампања со која собра 2 милиони долари за една фондација за рак на дојката. Неодамна тој донира и 2 милиони долари за фондацијата FlipOps која им помага на воените ветерани.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-05.jpg

Џ.К. Роулинг

Во 2001-ва, Роулинг ја објави „Fantastic Beasts and Where to Find Them“ само за да собере пари за организацијата Comic Relief.

Писателката ја основа и организацијата Lumos што им помага на децата од сиропиталиштата ширум целиот свет.

А, дека е кралица на хуманитарците покажува и тоа што писателката го изгуби статусот милијардер поради нејзините донации.

poznati-lichnosti-koi-go-koristat-bogatstvoto-za-da-go-spasat-svetot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Деми Мур е бикини кралица во Грција на 60 години - рамен стомак, само малку целулит и лице без шминк... Деми Мур е доказ дека жените се секси во секоја деценија од животот, изгледа фит...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg