Како е да се биде познат? - Криси Тајген одговара прашања од фановите за справувањето со славата

Сите отсекогаш сме биле љубопитни за тоа како изгледа животот на познатите и богатите. Токму поради тоа, голем дел од познатите пишуваат свои автобиографии, обидувајќи се да ни го доближат нивниот живот.

krisi-tajgen-odgovara-na-prashanja-od-fanovite-za-spravuvanjeto-so-slavata-01.jpg

Сепак, во овие дела ретко се спомнуваат чистењето на домот, патувањето и другите секојдневни ситници. Но, благодарение на Твитер кралицата Криси Тајген, можеме да ѕирнеме во животот на познатите.

Цело „интервју“ започна кога еден Twitter корисник праша дали познатите имаат фиока во домот што ја полнат со кабли, пенкала, сметки… Корисникот ја тагирал Кристи на објавата, а таа одговори со фотографија од нејзината фиока со ситници и најава дека ќе одговара на прашања за животот на познатите.

krisi-tajgen-odgovara-na-prashanja-od-fanovite-za-spravuvanjeto-so-slavata-02.jpg

Во продолжение погледнете како изгледа животот на Криси и како таа се справува со популарноста:

Како се справуваш со странците кои ги бараат твоите време и енергија, а кога не си расположена за тоа?

„Морате да сфатите дека можеби вие сте го правеле ова цел ден, но за таа личност, ова е прв пат и таа е возбудена.“

Дали имаш милион соби во куќата и колку скапи фустани имаш носено?

„Секоја соба во домот се користи. Имам носено многу скапи нешта, но секогаш ги враќам назад. Откако се породив не сум иста големина, па купувам речиси сè што носам и потоа го препродавам и ги донирам парите.“

Кое е најдоброто нешто кај славата?

„Никој не ги гледа моите деца ’накриво‘ во авион. Во најлош случај, луѓето се премногу фини, а ова е лудо бидејќи моите деца се исто досадни на авион колку и другите: “

krisi-tajgen-odgovara-na-prashanja-od-fanovite-za-spravuvanjeto-so-slavata-03.jpg

Се верува дека откако ќе станат славни, луѓето се менуваат на полошо. Дали ти се промени на подобро откако стана позната?

„Многу добро прашање. Искрено, не знам. Сè уште ги гледам нештата од секоја перспектива. Но истовремено сум и анксиозна, па може да ми биде вистински пекол. Ми се допаѓа што можам да им помагам на другите, но јас сум понекогаш… заглавена?“

Кога ќе ги земеш предвид славата и анксиозноста, што е најважното нешто што ти помага да не полудиш?

„Моите лекови.“

Дали местиш аларм, или некој нежно те буди наутро?

„Џон мести аларм, но го остава во тоалетот додека им прави палачинки на децата. Па, јас треба да станам и да го исклучам.“

Како реагираат твоите деца кога ќе те видат на телевизија?

„Не им е гајле.“

krisi-tajgen-odgovara-na-prashanja-od-fanovite-za-spravuvanjeto-so-slavata-04.jpg

За која предност на славата се чувствуваш највиновно?

„Парите.“

Кој е проблемот што парите и славата не можат да го решат?

„Мојот мозок.“

Како патуваат познатите со авиони? Дали трчате низ аеродромот за да стигнете навреме?

„Има терминал во близина на аеродромот за којшто се плаќа членарина. Таму ја прават истата безбедносна проверка, само приватно, а потоа те носат до авионот со автомобил. Знам, знам…“

krisi-tajgen-odgovara-na-prashanja-od-fanovite-za-spravuvanjeto-so-slavata-05.jpg

Дали сама пазаруваш или имаш асистент за тоа?

„Асистентот помага многу, но интересно е кога му е роденден, па морам да одам сама.“

Како е да се биде познат?

„Добро е бидејќи ми е удобно, но имам прекрасен и никаков живот истовремено.“

Дали навистина добиваш многу работи бесплатно?

„Секој ден добиваме премногу различни работи. Имам размислувано да ги замолам сите да престанат да ни даваат, но тогаш нема да можам да ги донирам.“

Дали има огромен брод или бункер за да се спасат богатите на крајот на светот, како во филмот „2012“?

„Ако има, јас не знам. Но сакам теории на заговор. Џон сè уште ми нема кажано дали е дел од Илуминати.“

krisi-tajgen-odgovara-na-prashanja-od-fanovite-za-spravuvanjeto-so-slavata-06.jpg

Колку се досадни доделувањата на награди?

„Многу досадни и ве влечат во 100 разни насоки и ви викаат да седнете. Барот никогаш не е во ваша близина и сите се злобни кон помошниците. Не знам зошто некој би го сакал тоа.“

Дали се грижиш за твојата безбедност и приватност?

„Да, но знам дека понекогаш виновна е нашата отвореност. Па, само му кажуваме на обезбедувањето дека не ни пречат прегратки и разговор. Но, мојата куќа е тврдина.“

Како се справуваш со расправањето со Џон пред послугата во домот?

„Не кријам ништо. Се расправам во автомобили, се расправам дома, се расправам на аеродром. Не ми е грижа. Ама Џон едноставно не се расправа.“

krisi-tajgen-odgovara-na-prashanja-od-fanovite-za-spravuvanjeto-so-slavata-07.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg