„Меган е гладна за слава, Дијана би била бесна на Хари затоа што е изманипулиран“ – тврди кралскиот готвач
- Детали
- петок, 10 јануари 2020
„Луѓето кои велат дека принцезата Дијана би била горда на оваа одлука, не ја познаваат Дијана“, истакнува славниот готвач, потсетувајќи се на еден разговор со трагично загинатата принцеза.
Дарен МекГрејди, личниот готвач на принцезата од Велс, принцот Вилијамс, војвотката од Кембриџ, како и принцот Хари, откри неколку детали поврзани со најавеното повлекување на Меган Маркл и војводата од Сасекс од кралското семејство.
Тој отиде толку далеку со изјавите што тврди дека Дијана би била бесна поради начинот на кој Хари дозволил да биде изманипулиран и да се одрече од статусот во кралското семејство.
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1215089391909122048
„Меган никогаш не сакала да биде дел од кралското семејство. Меган само сака да биде славна. Меган е славна. Сè се врти околу Меган. Се сеќавам на Дијана во Кензингтонската палата како зборуваше за своите деца: Вилијам е длабокоумен како неговиот татко. Хари е будалест и едноставен како мене. Изгледа дека погоди“ – заклучува готвачот и истакнува уште еден многу важен детаљ.
„Дури и во најмрачните мигови, Дијана ја почитуваше кралицата. Сега би била страшно лута на Хари“, пишува Дарен на Твитер.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





