Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Модно нескладни: Згодната Никол на вечера со 7 години помладиот дечко (фото)

На почетокот од месецот Никол Шерцингер и Том Еванс ја потврдија нивната врска, а според фотографиите од средата, изгледаат посреќно од кога било.

41-godushnata-nikol-prosheta-so-novoto-34-godishno-momche-01.jpg

Познатата пејачка се појави со светло син светкав фустан, држејќи го за рака поранешниот рагбист Том Еванс. Никол ја дополнила комбинацијата со сандали со високи потпетици и гламурозен црвен кармин.

34-годишниот Том, од друга страна, се одлучил за полежерна комбинација.

41-godushnata-nikol-prosheta-so-novoto-34-godishno-momche-02.jpg

Парот се запозна кога Никол беше ментор за бендот на Том во шоуто The X Factor: Celebrity. Гласините за нивната романса започнаа уште минатата година, кога учествуваа во шоуто. Парот ја потврди врската со заедничкото појавување на доделувањето на Златните глобуси.

41-godushnata-nikol-prosheta-so-novoto-34-godishno-momche-03.jpg

Иако врската е нова, наводно, Никол му го привлекувала вниманието на Том веќе 6 години. Но, тој ги искажал неговите чувства дури кога учествувал во X Factor.

41-godushnata-nikol-prosheta-so-novoto-34-godishno-momche-04.jpg

„Том знаеше дека ќе се забавува на шоуто, и не само поради пеењето. Никол му се допаѓа веќе некое време и му беше мило што ќе има можност да минува време со неа и да ја заведе. На крајот, таа не можеше да му одолее на шармот на Том, иако беше судија на шоуто“, изјави еден од изворите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...
Како изгледаат денес актерите од серијата „The Office“, 20 години подоцна? (фото) Џим Халперт сега е вистински заводник, а дури и беше изгласан за најсекси маж сп...
Го „навлекла“ на скиентологија, ја оставил за Никол Кидман: Која е првата сопруга на Том Круз? Том Круз првпат се венча на 24-годишна возраст, и тоа со жена која е шест години...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Беше со џуџест раст, почина на 20 години: Краткиот, но исполнет живот на актерот од „How the Grinch ... Актерот кој ја глуми 8-годишната верзија на Гринч имал 17 години кога се снимал ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg