Ѕвезди кои се доказ дека патот до успехот е навистина трнлив

Ричард Бренсон имал дислексија

На 16-годишна возраст, идниот милијардер морал да се отпише од училиште. Тој имал дислексија, па учењето му претставувало вистински проблем.

Но, Ричард не се откажал. Тој се преселил во Лондон и решил дека нема да ѝ дозволи на дислексијата да му го контролира животот.

Денес Риачрд е бизнис магнат чие богатство изнесува 4 милијарди долари.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-07.jpg

На Шакира ѝ рекле дека „пее како коза“

Во второто одделение Шакира била дел од училишниот хор. Но, ја натерале да го напушти, а учителката по музичко ѝ рекла дека пее како коза.

Очигледно, погрешила.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-08.jpg

Ела Фицџералд живеела во сиропиталиште

Детството и младоста на најпознатата џез пејачка биле исполнети со предизвици и тешкотии.

Кога имала само 14 години, мајката на Ела починала од инфаркт. Поради несогласувањата со нејзиниот очув, таа решила да се пресели кај тетка ѝ. Овде работела како чистачка во бордел, а пејачката никогаш нема прозборено за овој период од нејзиниот живот.

Набрзо полицијата дознала за неа, па ја сместиле во сиропиталиште. Набрзо потоа Ела избегала од сиропиталиштето и некој период била бездомничка.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-09.jpg

Стивен Спилберг бил двапати одбиен од факултет

Кога семејството на Стивен се преселило во Калифорнија, режисерот двапати се обидел да се запише на факултетот за филмска уметност. И двата обиди биле неуспешни.

Тогаш Стивен се запишал на друго место, а за викендите работел на неговиот прв краток филм Amblin'. Останатото е историја. 

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-10.jpg

Том Круз постојано се соочувал со насилство

Семејството на Том Круз било сиромашно и, според него, татко му бил малтретирач и кукавица.

Неговите родители го удирале секогаш кога правел нешто лошо и актерот постојано живеел во страв.

На училиште, пак, постојано бил напаѓан и малтретиран од неговите соученици.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-11.jpg

Џејмс Камерон спиел во автомобил

Пред да стане култен режисер и да го сними Titanic, Џејмс немал ни каде да преноќи. Па, често морал да преспива во неговиот автомобил.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg