Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ѕвезди кои се доказ дека патот до успехот е навистина трнлив

Постојано слушаме за тоа како познатите купиле огромна куќа, скап автомобил или потрошиле огромна сума пари за нешто што го сакаат.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-01.jpg

Но, ретко кога се прашуваме како како ги заработиле тие пари или како го постигнале нивниот успех. 

Се разбира, постојат и оние кои имале среќа да се родат во богато семејство, но некои од најбогатите луѓе на светот се доказ дека патот до успехот е навистина трнлив.

Нивните приказни нека ви служат како инспирација:

Илон Маск барал автомобилски делови во депонија

Еднаш мајката на Илон сподели фотографија од него од далечната 1995-та. На фотографијата се гледа како Илон поправа прозорец на автомобил.

Автомобилот на фотографијата е на Илон, а неколку дена претходно бил уништен од крадци. Тогаш Илон немал пари ни за сервис, ниту за нов прозорец, па отишол да ги бара потребните делови во депонија.

Денес Илон Маск „тежи“ 30 милијарди долари.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-02.jpg

Даниел Крег спиел на клупи во парк

Кога имал 16 години, се преселил во Лондон. Таму успеал да му се приклучи на Националниот младински театар, а подоцна се запишал и на училиште за музика и театар.

Но, тогаш Даниел ги немал парите што ги има денес. Па, за да преживее, неуморно работел како келнер во лондонските ресторани. Во најтешките моменти од животот, останувал без кров над главата и морал да спие по паркови.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-03.jpg

Шанаја Твејн пораснала во нефункционално семејство

Семејството на една од најпознатите кантри пејачки било далеку од совршено. Нејзината мајка и нејзиното очув имале вкупно 5 деца, а живееле во сиромаштија.

Па, 8-годишната Шанаја морала уште тогаш да настапува по клубови и барови. Пејачката има споделено и дека нејзиниот очув ги малтретирал неа и мајка ѝ. 

Во еден момент, ситуацијата станала толку лоша, што Шанаја и нејзиното семејство живееле во засолниште за бездомници.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-04.jpg

Кели Кларксон морала да се врати кај родителите откако ѝ изгорел станот

После матурирање, познатата пејачка решила да се пресели во Холивуд за да има повеќе можности за работа. Успеала да добие неколку телевизиски улоги, но после само неколку месеци, нејзиниот стан изгорел.

Некој период Кели живеела во нејзиниот автомобил. По некое време била присилена да се врати кај родителите и ја изгубила секоја надеж.

Таму таа глумела во локалниот театар, работела како келнерка и изведувала во забавен парк. Но, денес е светски позната пејачка.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-05.jpg

Мајкл Џордан не бил примен во училишниот кошаркарски тим

Додека да заврши основно, Мајкл бил добар кошаркар. Не бил доволно висок, но бил брз и упорен.

Токму поради тоа се надевал дека ќе биде примен во кошаркарскиот тим на неговото средно училиште. Но, тренерот одбрал сосема други деца.

Ова го разочарало Мајкл, но истовремено го мотивирало да продолжи понатаму и да стане еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

poznati-lichnosti-koi-dokazhuvaat-deka-patot-do-uspehot-e-navistina-trnliv-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg