Шакира ја загреа сцената, Џеј Ло играше на шипка: спектакуларниот настап на Super Bowl (фото+видео)

Џеј Ло и Шакира се здружија и приредија незаборавно шоу на полувремето на Super Bowl.

shakira-i-j-lo-so-spektakularne-nastap-na-superbowl-01.jpg

За само 12-тина минути, двете ѕвезди го покажаа својот уникатен стил и неверојатни способности на сцена.

Настапот го започна Шакира со хитот „She Wolf“, а веднаш потоа ја изведе „Empire“. Пејачката се појави на сцена со црвен костим, кој потоа го замени со златен.

После кратко танцување, ѕвездата ја изведе и незаборавната „Whenever, Wherever“, како и синглот на Карди Би „I Like It“.

Потоа, на 43-годишната пејачка ѝ се придружи и Џеј Ло. Ѕвездата го започна настапот со „Jenny from the Block“, а веднаш потоа ја изведе „Get Right“.

Џеј Ло носеше црн кожен комбинезон, кој го замени со сребрен додека ја изведуваше „Waiting for Tonight“. Џенифер ги почести присутните и со танц на шипка, а потоа, заедно со Џеј Балвин, танцуваше на ремикс од „Love Don’t Cost a Thing“.

Лопез ја изведе и „Mi Gente“, но и безвременската „On the Floor“.

Можеби најинтересниот момент беше кога на сцената ѝ се придружи и нејзината 11-годишна ќерка Еме.

Додека Еме ја изведуваше „Let’s Get Loud“, Шакира ги покажа тапанарските способности, а Џеј Ло се појави со огромно знаме на Порторико направено од пердуви.

Еме ја испеа и „Born in the U.S.A.“ на Брус Спрингстин, пред Шакира и Џеј Ло да ја изведат „Let’s Get Loud“.

Дуото го изведе и хитот на Шакира „Waka Waka“ и го завршија спектакуларниот настап.

Шакира и Џенифер Лопез на Super Bowl:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Им се родило мртво дете, па загинала во сообраќајка: Трагичната љубов на Кијану Ривс и Џенифер Сим Кијану Ривс и Џенифер Сим почнале врска во 1998-ма. Околу една година подоцна, т...

Најчитани неделава