Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не слуша туѓи совети, мора да биде строга – Џеј Ло открива што научила за мајчинството

Горда е на неа и на Марк

Во интервју за Vogue, Џеј Ло прозборе за врската со Марк Ентони после разводот и заедничката грижа за нивните деца:

„Сè уште сме пријатели и родители. Но, ќе биде потребно време. Тешко е. Но воглавно, горда сум на начинот на којшто се справуваме. Го правиме најдоброто за нашите деца.“

interesni-raboti-shto-j-lo-gi-ima-spodeleno-za-majchinstvoto-08.jpg

Мајките мораат да се грижат за себе

Мајките вложуваат толку многу време и енергија во нивните деца, што целосно забораваат на себе. Џеј Ло кажа некој збор и за тоа:

„Слушајте, стареам, како секоја мајка во светот. Мора да најдете рамнотежа меѓу децата и работењето и грижата за себе. Не е лесно.“

interesni-raboti-shto-j-lo-gi-ima-spodeleno-za-majchinstvoto-05.jpg

Не сака нејзините деца да станат ѕвезди уште во детството

Повеќето познати не сакаат нивните деца да станат ѕвезди во детството, бидејќи добро знаат како е.

Џеј Ло ќе ги поддржува децата доколку сакаат да бидат ѕвезди, но најпрво сака да им овозможи нормално детство.

Но којзнае колку „нормално“ може да ви биде детството кога мајка ви е Џенифер Лопез.

Мајчинството ја променило

Пејачката неколкупати има изјавено колку всушност ја променило мајчинството. Таа смета дека ја направило подобра личност.

Џеј Ло вели дека на турнеите може да се почувствува осамено, но сега може да ги понесе нејзините деца со неа.

interesni-raboti-shto-j-lo-gi-ima-spodeleno-za-majchinstvoto-06.jpg

Никогаш не помислувала дека ќе биде мајка

„Немав деца до подоцна и мислев дека тоа никогаш нема да се случи за мене, па свесна сум дека сум благословена“, изјави пејачката во едно интервју.

Пред да стане мајка, им давала совети на другите родители

Пред Џеј Ло да остане бремена, им давала родителски совети на нејзините пријатели. Сега била ужасната од ова нејзино однесување, бидејќи дури сега сфатила колку е лошо.

interesni-raboti-shto-j-lo-gi-ima-spodeleno-za-majchinstvoto-07.jpg

Мајките треба да бидат самостојни

Џеј Ло е одличен пример за жена која нашла рамнотежа помеѓу мајчинството и работата. Притоа, таа се залага за правата на модерните жени. Џеј Ло тврди дека животот не завршува откако ќе станете мајка:

„Да бидете добра мајка или добар родител или добра жена во овој свет, мора прво да бидете самостојни и свои. Знаете на што мислам и тоа е многу моќно.“

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Џеј Зи обвинет за силување 13-годишно девојче со Пи Диди – Бијонсе молчи, тој негира Џеј Зи тврди дека обвиненијата против него се обид за изнудување пари, додека Би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg