Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не слуша туѓи совети, мора да биде строга – Џеј Ло открива што научила за мајчинството

Кога познатите личности ќе станат родители, нивното родителство е најостро критикувано. Многумина се прашуваат дали воопшто прават нешто за нивните деца. Сепак, кој би помислил дека Кајли Џенер менува пелени?

interesni-raboti-shto-j-lo-gi-ima-spodeleno-za-majchinstvoto-01.jpg

Но, родителството не е воопшто лесно, па оние кои можат да си дозволат помош, дефинитивно треба да ја искористат.

Сепак, изгледа дека за Џеј Ло, мајчинството е навистина лесно. Познатата пејачка има две деца – 11-годишните близнаци Еме и Макс и одлично се снаоѓа со нив.

Во продолжение погледнете ги изненадувачките работи што Џеј Ло ги има споделено за мајчинството:

Децата се секогаш први

Ова важи за повеќето мајки ширум светот. Дури и Мишел Обама изјави дека нејзината најважна улога е мајчинството.

И Џенифер се согласува со ова и во едно интервју изјави:

„Го сакам она што го правам. Ги сакам моите деца и тие доаѓаат први. Сè друго паѓа во втор план.“

Мајчинството ѝ разјаснило многу работи

Откако ќе родите дете, сигурно ќе ви се промени целата перспектива за светот и животот.

Во говорот кога ја прифаќаше наградата на MTV VMA, Џеј Ло изјави дека благодарение на безусловната љубов на нејзините деца, многу работи ѝ станале појасни.

interesni-raboti-shto-j-lo-gi-ima-spodeleno-za-majchinstvoto-02.jpg

Не сака да ѝ даваат совети

Ако сте родител, знаете колку другите сакаат да даваат совети, дури и ако немаат деца.

Џеј Ло, како и повеќето мајки, не сакала да ги слуша овие совети и сакала сама да открие што и како треба да прави.

Сè додека нејзините деца се здрави и среќни, не ѝ требаат туѓите совети.

Морала да стане строга

Во едно интервју за Vogue, Џеј Ло изјави:

„По природа не сум строга. А, со моите деца сум уште понежна.“

Никој не сака да биде строг со децата, но и Џенифер сфатила дека одвреме-навреме мора да ги научи на дисциплина.

interesni-raboti-shto-j-lo-gi-ima-spodeleno-za-majchinstvoto-03.jpg

Децата го следат нејзиниот пример

„Научив нешто за децата – не прават што им велиш; прават она што го правиш ти“, изјави Џенифер во 2013-та.

Ова е можеби најголемата вистина. Секој родител знае дека децата се најдобрите имитатори.

Мајчинството создава огромен притисок

Мајките се целосно одговорни за друг живот, а со ова доаѓа и многу стрес. Познатата пејачка има цел куп помошници, и сѐ уште тврди дека стресот може да биде преголем.

Но, таа го дава најдоброто од себе и знае дека не може да биде совршена.

interesni-raboti-shto-j-lo-gi-ima-spodeleno-za-majchinstvoto-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Џеј Зи обвинет за силување 13-годишно девојче со Пи Диди – Бијонсе молчи, тој негира Џеј Зи тврди дека обвиненијата против него се обид за изнудување пари, додека Би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg