Подемите и падовите на Бритни Спирс низ 20 фотографии
2006-2008: Работите одат на лошо
Бритни можеби е најмладата пејачка со 5 број 1 албуми, но сето ова било на сметка на нејзиното здравје.
Околу 2006-2007 година, таа возеше со тогаш 4-месечниот Шон Престон во скут, се разведе со Кевин, имаше нервен слом и си ја избричи косата, ја изгуби тетка си од рак на јајниците и пробуваше да си помогне одејќи во бројни институции.
На 12-ти септември 2006 го роди второто дете – Џејден.
2007: Blackout
Во 2007 Бритни го издаде албумот „Blackout“.
Главниот сингл, „Gimme More“, започнува со нејзината препознатлива фраза: „It’s Britney, B“, и беше продаден во речиси 2 милиони копии ширум светот.
Овој период, Бритни сè уште имаше лични проблеми и се бореше за старателството врз нејзините деца.
2008: Circus
Шестиот студио албум на Бритни е „Circus“ и беше издаден во 2008.
На него се најдоа песните „Womanizer“ и „Circus“, кои повторно беа добро прифатени.
Сепак, во приватниот живот ситуацијата само ѝ се влошуваше. Истата година, Бритни беше хоспитализирана откако беше пронајдена под дејство на непозната супстанца.
2011: Femme Fatale
После лудата железница што ѝ ја приреди животот, Бритни го издаде албумот „Femme Fatale“.
Со цел да го промовира албумот, таа замина на турнеја со некои од најпознатите изведувачи, како Ники Минаж и Џо Џонас.
2012: X-Factor и добра заработка
Во 2012-та, Бритни ја замени Никол Шерцингер како судија на The X-Factor. Таа беше ментор на категоријата тинејџери.
После долго владеење во поп индустријата и платата од 15 милиони долари од X-Factor, во декември 2012-та Бритни беше прогласена за жената со најголема заработка за таа година.
2013: Britney Jean
Бритни навистина е за восхит. И покрај сè што ѝ се случи, во 2013-та таа потпиша 30-милионски договор за 100 настапи во Лас Вегас, а го издаде и албумот „Britney Jean“.
Иако ова е најнеуспешниот албум од нејзината кариера, половина милион продадени копии после такво тешко минато е голем успех.
2015: Повеќе од изведувач
Гламурот на Холивуд никогаш не ја заслепи Бритни, а ова е навистина ретко.
Во 2015-та, пејачката донира 120.000 долари за фондацијата Nevada Childhood Cancer Foundation.
Покрај тоа, таа донираше 1 долар од сите влезници за настапите во Лас Вегас.
2016: Glory
После неуспехот на „Britney Jean“, Бритни докажа дека никогаш не треба да се сомневаме во неа. Во 2016-та, таа го издаде албумот „Glory“.
Албумот помина многу подобро од неговиот претходник.
2018: Турнејата „Piece of Me“
Можеби Бритни се доближува до четвртата деценија од животот, но дефинитивно не го изгубила талентот за спектакуларен сценски настап.
Во 2018-та таа замина на десеттата светска турнеја, наречена „Piece of Me Tour“, од која заработи 54 милиони долари.
2019: Пауза
Во јануари 2019-та, Бритни реши да направи пауза, откако дозна дека татко ѝ речиси умрел.
Многу фанови се сомневаа во ова и беа убедени дека Бритни нема целосна контрола врз нејзиниот живот.
Токму овој настан го поттикна движењето #FreeBritney.
Дотогаш, татко ѝ имаше овластување над нејзините финансии и многу лични избори, а фановите беа сигурни дека ова е користено за нејзина експлоатација, а не за да ѝ се помогне. Па, #FreeBritney беше со цел да ја остават ѕвездата „на раат“.
Без разлика што навистина се случува, Бритни сигурно ќе го надмине тешкиот период, бидејќи дефинитивно е една од најсилните личности што сме ги виделе на музичката сцена.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





