Хејли Бибер за компликациите при породувањето: „Траеше 18 часа, крвавев и помислив дека може да умрам“
- Детали
- четврток, 22 мај 2025
„Породувањето беше најтешкото нешто што сум го направила. Траеше со часови, без епидурална, без ништо. По раѓањето, крварев многу обилно и ми помина низ глава дека луѓе умираат од тоа...“ – вели искрено Хејли во интервју за Vogue.
Хејли Бибер ја краси насловната страница на јунското издание на Vogue, а во опширното интервју, каде откри повеќе детали од нејзиниот живот, зборуваше и за мајчинството, односно за бременоста, раѓањето и постпартум периодот.
Таа и сопругот Џастин се долго време во фокусот на вниманието во медиумите, се шпекулира за нивниот заладен однос, можен развод и неговите ментални проблеми.
Токму тоа ѝ го направил многу тежок периодот откако се породила.
„Постпартум е најсензитивниот период низ кој некогаш сум поминала во животот. Многу беше тешко да ја осознаам новата верзија од себеси.
И да го правам тоа додека онлајн насекаде се пишуваат коментари од типот ‘Тие ќе се разведат, тие ова, тие она, тие не се среќни’. Тоа беше поигрување со умот.
Не можам дури ни да го објаснам. Луд е животот што го живеам“.
Хејли споделува дека тешко ѝ било и во бременоста, кога психички морала да се подготви дека животот веќе никогаш нема да ѝ биде ист како порано, а дека тоа ќе влијае и на односот со Џастин.
„Веќе нема да бидете само ти и твојот партнер. Само вие двајца... тоа беше многу за мене ментално“.
28-годишниот модел зборуваше искрено и за самото породување кое ѝ било тешко и со компликации, а за тоа се подготвувала цели 9 месеци, практикувајќи дишење, акупунктура, јога, пешачење и вежбање со тежина.
Сепак, спонтаното породување за кое се подготвувала толку долго, не се случило така едноставно, иако била во одлична физичка форма.
Почнала да ѝ истекува плодова вода во 39-та недела, што довело до непланирана индукција и провоцирање на породувањето.
„Породувањето беше најтешкото нешто што сум го направила. Тоа беше лудо. Не беше забавно. Ми го пукнаа воденикот. Отидов на породување, но процесот траеше со часови, без епидурална, без ништо“.
По 18 часа, таа конечно го донела на свет нејзиниот син Џек. Но, компликациите не завршиле, напротив, се засилиле.
По породувањето, таа се соочила со поспартум хеморагија (што се случува кај 1 до 5 проценти од породувањата), односно обилно крварење, кое може да доведе до откажување на орган, па дури и смрт.
„Ѝ го доверив животот на докторката. Затоа бев мирна и знаев дека нема да дозволи нешто да ми се случи. Но крварев многу, а луѓето умираат, тоа ми поминуваше низ глава, беше многу страшно“.
Докторите ѝ вметнале уред кој провоцира контракции на матката, а иако бил болен процес и никој не гарантирал дека ќе помогне, престанала да крвари и конечно помислила дека ќе може да го држи синчето во раце, кое претходно ѝ го одземале додека се обидувале да ја спасат неа.
Иако имала тешко породилно искуство, сепак вели дека не се кае за ништо и ужива во улогата на мајка.
Уште неколку фотки од фотосесијата за Vogue:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





