Како Меган Маркл и принцот Хари му се најдоа на мета на Доналд Трамп?

Американскиот претседател се огласи на Твитер дека нема да им плаќа обезбедување на Хари и Меган.

kako-megan-markl-i-princot-hari-mu-se-najdoa-na-meta-na-donald-tramp-01.jpg

Претседателот на САД Доналд Трамп се огласи на Твитер по преселбата на Меган Маркл и принцот Хари од Канада во Лос Анџелес.

Твитот на Трамп гласи:

„Јас сум голем пријател и почитувач на Кралицата и Обединетото Кралство. Беше кажано дека Хари и Меган, кои ја напуштија Велика Британија, ќе живеат во Канада. Но, сега тие ја напуштија Канада за САД, како и да е САД нема да плаќа за нивно обезбедување и заштита. Тие мора да си платат.“

Но, портпаролот на Меган и Хари брзо потоа се огласи и кажа дека парот воопшто немал намера да бара од САД такво нешто и дека приватно планираат да си ги покријат трошоците за обезбедување.

Инаку додека живееја во Ванкувер, Канада, полицијата им помагаше со обезбедувањето.

kako-megan-markl-i-princot-hari-mu-se-najdoa-na-meta-na-donald-tramp-03.jpg

Цената за обезбедување, кое вклучува и 9 виско обучени британски офицери на релација Велика Британија и САД е проценето дека е околу 9 милиони евра годишно.

Доналд е одлучен дека не сака американските граѓани кои плаќаат данок да го носат овој трошок за славниот пар на свој грб.

Портпаролот на парот со сигурност тврди дека парот воопшто немал намера да побара вакво нешто од властите на САД, туку дека тие од свои приватни фондови ќе си го плаќаат обезбедувањето.

kako-megan-markl-i-princot-hari-mu-se-najdoa-na-meta-na-donald-tramp-05.jpg

kako-megan-markl-i-princot-hari-mu-se-najdoa-na-meta-na-donald-tramp-04.jpg

kako-megan-markl-i-princot-hari-mu-se-najdoa-na-meta-na-donald-tramp-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Детали за првиот брак на Меган Маркл: Се разведоа по 2 години, му го вратила прстенот по пошта Првиот брак на Меган Маркл траеше околу две години, а наводно нејзиниот поранеше...
Бившиот на Хали Бери мета на критики откако кажа зошто се развеле: „Не готвеше и не чистеше, а јас с... Речиси 30 години по разводот, првиот сопруг на Хали Бери изјави дека се разделил...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Марго Роби мета на критики за разголените стајлинзи: „Преубава е, но нема потреба да го покажува зад... По неколкуте разголени изданија периодов, главно во склоп на промоцијата на нејз...

Најчитани неделава