Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Катарина Ивановска со фотка од доење: Како познатите го одбележаа Денот на мајката?

Џон Леџенд и Криси Тајген

Џон им честита на сопругата и мајка си:

„Нашите бебиња се толку среќни што те имаат. Не можам да си ги замислам нашите животи без твојата љубов, креативност и авантуристички дух“, напишал пејачот за Криси.

Џон објави и фотографија од неговата и мајката на Криси со опис:

„Среќен Ден на мајката до нашите мајки. Совршени баби!“

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит

Вил Смит објави видео компилација во кое ја „нервира“ сопругата Џејда.

„Среќен Ден на мајката љубов, твоето најстаро дете, Вилард“, стои во описот.

Ванеса Брајант

38-годишната Ванеса добила цвеќиња и подароци од ќерките, за првиот Ден на мајката без Коби.

„Сакам што сум ваша мајка Наталија, Џиана, Бјанка и Капри. Вие сте најдоброто од мама и тато“, напишала Ванеса.

Кајли Џенер

22-годишната Кајли објави две фотографии од Сторми:

„Мојата љубов … колку посебен дар е да се биде мајка. Среќен Ден на мајката до сите мамички“, стои во описот на фотографиите.

Кајли си добила и букет од жолти рози, а фановите претпоставуваат дека се од Тревис Скот.

Никол Кидман

Позната актерка објави фотографија со мајка си и со нејзините деца:

„Знам колку многу од нас немаме можност да ги бакнеме и прегрнеме нашите мајки денес. Но до сите мајки ширум светот - секогаш сме со вас и прославуваме со вас.“

Џиџи Хадид

Џиџи, која наскоро и самата ќе биде мајка, споделила фотографија од неа и мајка си:

„Најдоброто што можев да го побарам. Среќен Ден на мајката. Те сакам повеќе отколку што можат да кажат зборовите. Ти си суперхерој!“

Ким Кардашијан

Ким сподели постара фотографија од Крис, која малку ги разгневи фановите, а ѝ го купила фотоапаратот со кој била фотографирана нејзината венчавка со таткото на Ким. 

„Најдобрата мајка во целиот свет! Едвај чекав да ѝ го дадам подарокот.“

Хејли Бибер

Хејли сподели неколку постари фотографии со мајка ѝ:

„Среќен Ден на мајката до мојата убава мама … најпрекрасната дама однатре и однадвор.“

Спирова С. | Црнбело



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ким Кардашијан се појави на суд со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари - се соочи со кра... Ким Кардашијан се појави со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари и из...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg