„Се чувствував како телото да ми го опседнува вонземјанин“ – Ешли Греам зборува за бременоста и мајчинството

Ешли Греам ја направи првата фотосесија по породувањето во јануари, за магазинот Harper’s Bazaar. 32-годишниот модел ќе ја краси и насловната страница на јулското издание на магазинот.

se-chuvstvuvav-kako-teloto-da-mi-go-opsednuva-vonzemjanin-eshli-gream-zboruva-za-bremenosta-i-majchinstvoto-01.jpg

Ешли изгледа неверојатно, а интересно е што фотосесијата ја направил нејзиниот сопруг, Џастин Ервин. Поради пандемијата, Ешли се наоѓа во Небраска, во домот во кој пораснала.

Во интервјуто за магазинот, Ешли споделува дека иако целата кариера промовира прифаќање на сопственото тело, без разлика какво е, сепак ѝ било тешко да се справи со промените од бременоста.

„Тоа беше најлудиот дел. Си помислив, што со сите нешта што си ги кажував? Што со сите афирмации?“ – вели Ешли за адаптирањето на промените.

se-chuvstvuvav-kako-teloto-da-mi-go-opsednuva-vonzemjanin-eshli-gream-zboruva-za-bremenosta-i-majchinstvoto-02.jpg

Потсетете се на - Нефилтрирана фотка од голото тело и стриите на Ешли Греам во бременоста

Наводно, ѝ било тешко да се утеши, бидејќи нејзиното тело се менувало со огромна брзина.

„Ми требаше време за ментално да ја прифатам промената, бидејќи се чувствував како телото да ми го опседнува некој вонземјанин“, вели моделот.

Сепак, таа открива дека нејзината среќа била неизмерна кога сфатила дека е бремена.

„Бев многу возбудена. Веднаш знаев дека ќе бидам одлична мајка“, изјавила Ешли за магазинот.

se-chuvstvuvav-kako-teloto-da-mi-go-opsednuva-vonzemjanin-eshli-gream-zboruva-za-bremenosta-i-majchinstvoto-03.jpg

Во интервјуто Ешли зборува и за нејзиното домашно породување. Наводно, сопругот Џастин навистина сакал да помогне, но медицинската сестра што била во нивниот дом му рекла дека не може да направи ништо.

„Јас бев во базенот и се свртев кон него, тој беше во кујната и си сечеше парче месо. Навистина, тоа беше сè што можеше да направи.“

Кога започна пандемијата, Ешли и сопругот го послушале советот на нејзината мајка Линда, која им предложила да одат од Њујорк во Небраска, во куќата каде што пораснала. Ешли вели дека промената на локацијата навистина ѝ годела. Ова ја инспирирало и да му напише писмо на нејзиниот син во кое вели:

„Иако ни недостасува домот во Њујорк, имавме неочекувана можност да се грижиме за тебе во куќата во која пораснав, со друштвото и помошта од твоите прекрасни баба и дедо“.

se-chuvstvuvav-kako-teloto-da-mi-go-opsednuva-vonzemjanin-eshli-gream-zboruva-za-bremenosta-i-majchinstvoto-04.jpg

Ешли вели дека престојот во домот од детството ја натерал да се потсети на работите на коишто ја научила мајка ѝ – да има верба, секогаш да биде добра кон луѓето, да биде дарежлива и секој ден да покажува благодарност.

За фотосесијата, Ешли вели дека била исполнета со носталгија.

„Направивме една фотографија во возилото на дедо ми. Тој почина пред шест години, а мајка ми не промени ништо во внатрешноста на возилото“.

se-chuvstvuvav-kako-teloto-da-mi-go-opsednuva-vonzemjanin-eshli-gream-zboruva-za-bremenosta-i-majchinstvoto-05.jpg

Воглавно, Ешли уште се адаптира на промените кои ги претрпело нејзиното тело, а ѝ било мило што има можност да биде со своето семејство во овие тешки времиња.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Абортусот на Бритни, неверен кон сопругата Џесика Бил: Мрачните тајни на Џастин Тимберлејк Ја изневерувал Бритни со познати девојки, заради што таа му се одмаздила со танч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg