Опра Винфри на 9 години: Ѕвезди кои преживеале сексуално насилство во детството

Памела Андерсон на 12 години била силувана од 25-годишен другар на брат ѝ, а на 15 години од група од 6 момци, меѓу кои нејзиното тогашно момче.

opra-vinfri-na-9-godini-dzvezdi-koi-prezhiveale-seksualno-nasilstvo-vo-detstvoto-01.jpg

За жал, милиони деца низ светот се жртви на сексуално насилство. Во име на тоа нивните предатори да не минат неказнето и децата да зборуваат отворено за злоупотребата, некои ѕвезди ги открија своите потресни искуства.

Ѕвезди што биле сексуално злоупотребени како деца:

Опра Винфри на 9 години

Била родена во семејство на хигиеничарка и бербер и ретко ги гледала своите родители. Првите 6 години од животот ги минала со баба ѝ на село, каде била казнувана со ќотек за секоја грешка.

Потоа мајка ѝ покажала интерес за неа и ја земала со себе, но Опра на 9-годишна возраст била силувана од нејзин братучед, а за да ја убеди да не зборува за тоа ѝ купил сладолед. Потоа, злоупотребите доаѓале од браќа, нивни пријатели, а дури и нејзиниот чичко.

На 13 години таа забременила, не знаела кој е таткото и сакала да се самоубие пиејќи апчиња. Колку и да звучи лошо, ѝ олеснило што бебето умрело веднаш по раѓањето.

По породувањето таа заминала кај татко ѝ, а тој сторил сѐ што е во негова моќ за Опра да закрепне и да оди на факултет.

opra-vinfri-na-9-godini-dzvezdi-koi-prezhiveale-seksualno-nasilstvo-vo-detstvoto-02.jpg

Миси Елиот на 8 години

Уште како дете татко ѝ ја тепал неа и мајка ѝ, а еднаш дури им извадил и пиштол, а на 8 години нејзин 16-годишен братучед почнал да ја силува.

Во очај, Миси им испраќала писма на своите идоли Мајкл и Џенет Џенксон да ѝ помогнат и да ја земат од нејзината куќа.

Кога Миси имала 13 години мајка ѝ собрала храброст и двете избегале, но со години живееле во константен страв дека татко ѝ ќе ги најде и ќе ги убие.

opra-vinfri-na-9-godini-dzvezdi-koi-prezhiveale-seksualno-nasilstvo-vo-detstvoto-03.jpg

Тим Рот во детството бил злоупотребен од дедо му

Во текот на детството актерот Тим Рот неколку години бил силуван од неговиот дедо, од таткова страна. Дури и таткото на актерот станал жртва.

Тим со години живее со своите демони, но вели дека себеси се гледа како борец, а не како жртва.

opra-vinfri-na-9-godini-dzvezdi-koi-prezhiveale-seksualno-nasilstvo-vo-detstvoto-04.jpg

Квин Латифа на 9 години

Таа 30 години ја криела болката од силувањето од страна на бебиситерот што ја чувал додека нејзините родители не биле дома. Се чувствувала засрамено и не им кажала дури ниту на родителите што доживеала на 9-годишна возраст.

Сега, се кае што не зборувала јавно и криминалецот минал неказнето.

opra-vinfri-na-9-godini-dzvezdi-koi-prezhiveale-seksualno-nasilstvo-vo-detstvoto-05.jpg

Уште 4 ѕвезди на следната страна...



Би можело да ве интересира:

18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Македонски и светски ѕвезди кои станаа родители во 2023 година Ријана го доби вториот син, додека Пере од „Нокаут“ ја доби четвртата ќерка – ко...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Глумеа „принцови од бајки“, а животот со нив е хорор филм - Актери од латино и турски серии кои се с... Луи Давид од „Касандра“ бил во затвор заради семејно насилство, а има гласини де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg