Има песна за починатиот брат, поседува приватен остров: Факти за Шакира кои не сте ги знаеле
- Детали
- вторник, 08 септември 2020
Загубата на брат ѝ ја инспирирало да напише песна, со Пике се родени во ист ден, преферира да биде боса наместо во штикли, а баба ѝ ја научила да ги мрда колковите - интересни факти за Шакира кои веројатно не сте ги знаеле.
Успешна е во нејзината музичка кариера, а се има успешно остварено и на семејно поле - со момчето има две деца и е посветена мајка.
Но, освен ова што сите го знаат, има уште неколку интересни факти за животот на Шакира кои веројатно не сте ги знаеле:
- Нејзиниот најстар брат загинал во сообраќајна незгода со мотоцикл кога таа имала 2 години.
- Загубата ја инспирирало да ја напише првата песна „Tus gafas oscuras“ (Твоите црни очила), што се однесува на татко ѝ, кој носел темни очила за да ја сокрие болката.
- Хумана е и донира милиони долари во голем број хуманитални организации на светско ниво, а од 2003-та е амбасадор на УНИЦЕФ.
-->
-->
- Одбила улога во „Тhe Mask of Zorro“ бидејќи во тој период (1998) не се чувствувала сигурно во зборувањето англиски јазик.
- Сега е полиглот и совршено зборува шпански, француски, португалски, англиски и италијански.
- Живее здрав живот, не јаде брза храна и благо, не пуши цигари, не пие алкохол, а избегнува и кафе. Активна е и го одржува телото во совршена форма.
-->
- Со Пике е во врска од 2010, двајцата се родени на 2-ри февруари, имаат два сина, не се венчани, а хемијата помеѓу нив уште е силна како на почетокот.
- Поседува приватен остров на Бахамите, а го користи за бегство со семејството.
- Научила да игра стомачни танци и мрдање со колковите од нејзината баба која е од Либан, а денес е сертифициран професионалец.
- Не е фан на штикли, а независно дали е на сцена или на друго место – таа преферира да биде боса.
- Талентот за пишување го има од мала, кога за првпат почнала да пишува кратки поеми на 4 години.
- Обожава животни, а дома имаат 3 кучиња.
- Не е утрински човек и ако не мора да стане рано, преферира да поспие до подоцна.
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините
Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
-->