Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Никогаш не е доцна – 12 славни ѕвезди кои (повторно) станаа татковци дури и откако наполнија 50 години

Дел од нив веќе имаа деца, а некои станаа родители за прв пат во шестата деценија од животот. Модерното време ни го потврдува токму ова – никогаш не е доцна за дечиња и годините се само бројка. 

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini-01.jpg

Овие 12 славни мажи го искусија татковството на „стари години“, што секако не ги прави помалку подобри или повредни родители:

Мик Џегер

Пред 2 години, на 75-годишниот пејач на Rolling Stones му се роди дете со својата девојка Мелани Хемрик. Ова е неговото осмо дете од 5 различни партнерки.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (1).jpg

Квентин Тарантино

Во февруари 2020 година, Квентин Тарантино стана татко за прв пат на 57-годишна возраст заедно со израелската манекенка Даниела Пик.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (12).jpg

Сајмон Кауел

Познатиот судија без влакна на јазикот од America’s Got Talent за прв пат стана татко кога имаше 54 години. Нивниот син Ерик се роди во 2014 година, а неговата партнерка е Лорен Силверман.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (2).jpg

Џорџ Клуни

Џорџ Клуни и Амал Аламудин се венчаа во 2014 година. На 55-годишна возраст, актерот стана татко за прв пат – во 2017 година Амал ги роди близнаците Александар и Ела.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (3).jpg

Крис Нот

„Ѕверката“ од Сексот и градот стана татко за прв пат на 53-годипна возраст кога неговата партнерка Тара Лин Вилсон го роди нивниот син Орион во 2008 година.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (4).jpg

Хју Грант

Првата бременост на кинеската актерка Тинглан Хонг била изненадување за 50-годишниот Грант. Таа роди ќерка, а наскоро забремени и по втор пат. Во исто време бремена била и другата девојка на Грант – телевизиската продуцентка Ана Еберштајн, која исто така родила син како и Хонг, па актерот има 3 дечиња.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (5).jpg

Брус Вилис

Актерот стана татко по петти пат на 60 години кога со неговата сопруга Ема Хеминг ја имаа втората ќеркичка Евелин Пен во мај, 2014 година.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (6).jpg

Ричард Гир

Единствениот наследник на актерот Хомер Џејмс Гир е роден во 2000 година, кога Ричард имал 50 години. Актерот тврди дека претходно не бил подготвен за деца.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (7).jpg

Џеф Голдблум

Ѕвездата на Jurassic World стана татко на 62 години кога сопругата Емили Ливингстон го роди нивниот син Чарли Оушн во 2015 година.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (8).jpg

Стив Мартин

Првото дете на sвездата се родило кога Мартин имал 67 години! Во 2012 година, неговата сопруга Ен Спрингфилд, која тогаш имала 41 година, родила девојче.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (9).jpg

Брајан Адамс

Пејачот имал 51 година кога за прв пат станал татко на ќеркичката Мирабела Бани во 2011 година заедно со својата партнерка Алиша Грималди.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (10).jpg

Алек Болдвин

Актерот стана татко по шести пат во мај годинава кога се роди неговиот син Ромео Алехандро. Болдвин веќе имаше наполнето 60 години.

12-slavni-zvezdi-koi-stanaa-tatkovci-na-50-godini (11).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg