Како во „старите времиња“ со шефицата – Ким Кардашијан и Парис Хилтон се модни близначки во тренерки (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како во „старите времиња“ со шефицата – Ким Кардашијан и Парис Хилтон се модни близначки во тренерки (фото)

Ким Кардашијан повторно се дружи со нејзината поранешна шефица, Парис Хилтон, а неодамна беа забележани со речиси идентични комбинации од најновата колекција на Ким.

modni-bliznachki-kim-kardashijan-i-nejzinata-poraneshna-shefica-paris-hilton-na-proshetka-vo-los-andzheles-01.jpg

Парис Хилтон и Ким Кардашијан беа забележани во Лос Анџелес со слични модни комбинации, кои се дел од најновата колекција на Ким.

Пред околу една деценија, кога светот не знаеше која е Ким Кардашијан, таа ѝ беше асистентка на Парис. А, по сè изгледа двете ѕвезди повторно се зближуваат, особено последниве две години.

modni-bliznachki-kim-kardashijan-i-nejzinata-poraneshna-shefica-paris-hilton-na-proshetka-vo-los-andzheles-07.jpg

Ким носеше виолетови тренерки и маичка без ракави од велур, а слична e и комбинацијата на Парис – розови тренерки и розов кроп-топ од велур. И двете го дополниле изгледот со големи очила за сонце и големи обетки.

modni-bliznachki-kim-kardashijan-i-nejzinata-poraneshna-shefica-paris-hilton-na-proshetka-vo-los-andzheles-02.jpg

Според изворите, последните две години Ким и Парис редовно се дружат на секои неколку месеци.

„Навистина би направила сè за неа, таа буквално ми ја подари кариерата“, има изјавено Ким за нејзината поранешна шефица.

modni-bliznachki-kim-kardashijan-i-nejzinata-poraneshna-shefica-paris-hilton-na-proshetka-vo-los-andzheles-03.jpg

modni-bliznachki-kim-kardashijan-i-nejzinata-poraneshna-shefica-paris-hilton-na-proshetka-vo-los-andzheles-04.jpg

Ким навистина ја започна ријалити кариерата благодарение на Парис. Во ријалити шоуто на Парис, The Simple Life, Ким неколкупати се појави како асистент и стилист на богатата наследничка.

„Таа е слатка, добра и неверојатна. Горда сум на неа и импресионирана сум што сака да стане адвокат. Неверојатно е тоа што го користи нејзиниот глас за да им помогне на другите“, изјави Парис откако Ким стана светски славна и пројави желба за студирање право.

modni-bliznachki-kim-kardashijan-i-nejzinata-poraneshna-shefica-paris-hilton-na-proshetka-vo-los-andzheles-05.jpg

И Ким и Парис биле горди на нивниот успех, најмногу бидејќи се знаеле и биле блиски уште од детството. Наводно, Ким била и личноста која ја убедила Парис за замрзне јајце клетки, во случај да сака да основа семејство во иднина.

„Имав неверојатен разговор со Ким за тоа. Таа ме запозна со нејзиниот доктор и ме инспирираше да замрзнам јајце клетки“, вели Парис.

modni-bliznachki-kim-kardashijan-i-nejzinata-poraneshna-shefica-paris-hilton-na-proshetka-vo-los-andzheles-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двете изјави со кои Меган и Хари ги навредија Кејт и Вилијам Кралицата ужива летниот период да го минува во нејзиниот замок во Шкотска заедно...
Ким Кардашијан е кралица на Инстаграм - 9 тајни зошто има одлични фотки Kaко успева да заинтригира 124 милиони луѓе да ја следат секојдневно? Кои се неј...
Ким Кардашијан и Канје Вест го добија своето трето дете од сурогат мајка Ким Кардашијан и Канје Вест се пресреќни поради приновата, а Норт и Сент поради ...

Најчитани неделава