Парис Хилтон ги згрози фановите со трикот за јадење пица: „Пребогата е за да знае што направи“

Парис Хилтон гордо покажа трик со кој ја ослободува пицата од вишок маснотии, но фановите ја критикуваа по грозниот чекор што го направи. „Знаеш ли колку е грозна надворешноста на кутијата од пица?“, „Си слушнала ли за салфетка?“ – се дел од коментарите.

paris-hilton-gi-zgrozi-fanovite-so-trikot-za-jadenje-pica-prebogata-e-za-da-znae-shto-napravi-01.jpg

Богатата наследничка на Хилтон хотелите е честопати мета на критики, но таа не престанува да снима видеа и да покажува како изгледа нејзиниот живот и покрај лошите коментари.

Освен критиките за воспитувањето на децата и грешките кои ги прави со нив, овој пат таа е во фокус поради нејзиниот начин на јадење.

На ТикТок таа сними видео како јаде пица, но гордо го покажа трикот кој го користи за да ја ослободи пицата од вишокот маснотии.

Сепак, наместо да им биде од помош на фановите, освен оние кои заблагодарија на советот, други ја нападнаа бидејќи потегот што го прави е малку грозен.

paris-hilton-gi-zgrozi-fanovite-so-trikot-za-jadenje-pica-prebogata-e-za-da-znae-shto-napravi-02.jpg

Наместо да залепи салфета која ќе ги упие маснотиите од пицата, таа го превртува од внатрешната страна парчето и го залепува врз надворешната страна на кутијата во која е спакувано јадењето.

На картонот, очекувано, останува цел триаголник од вишок маснотија, а таа гордо гризнува од парчето, но многумина ги згрози тоа што кутијата не е воопшто чиста.

paris-hilton-gi-zgrozi-fanovite-so-trikot-za-jadenje-pica-prebogata-e-za-da-znae-shto-napravi-03.jpg

Дел од коментарите гласат:

„Таа кутија не е чиста. Наследничката на Хилтон хотелите не слушнала за салфета?“

„Не одбра чиста хартија туку валкана кутија?“

„Салфета? Очигледно е пребогата за такво нешто...“

„Дали знаеш колку се валкани тие кутии? Колку луѓе ја допреле пред да го шлапнеш твоето парче пица врз неа?“

„Тие кутии поминуваат низ фабрики, раце, подови на автомобил и многу повеќе... Грозно!“

Погледнете го видеото: 

@parishilton

I’m full of #Sliving tips 🥰🍕 #ThatsHot

♬ original sound - ParisHilton
;

Прочитајте и Бившиот објави нивна секс снимка, била малтертирана во поправен дом – Тажни детали од животот на Парис Хилтон

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон ги облече децата како екипаж на нејзиниот приватен авион – не го крие розовиот луксуз к... „Со моите омилени мали копилоти“- напиша богатата наследничка на фотките од деца...
Гвинет Палтроу (52) ги покажа брчките на лицето, фановите ја фалат: „Конечно реална фотка, без филтр... Гвинет Палтроу старее природно и не се срами да објави фотка без филтри, на која...
Бритни покажа дека живее во хаос и прозборе за Сем Ашгари првпат по разводот: „Тажно е за гледање, ѝ... По реакциите и загриженоста на фановите, Бритни го избриша видеото во кое се гле...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Татко му го држеше да виси од тераса, цел живот се крие од јавност: Каде е денес најмалиот син на Ма... Еден од најпознатиот инциденти поврзани со децата на Мајкл Џексон е кога пејачот...
Ќерката на Мајкл Џексон ја покажа дупката во носот од користењето дрога: „Си го уништив животот, но ... „Немојте да се дрогирате, деца. Не ви препорачувам бидејќи мене дрогата ми го ун...

Најчитани неделава