Парис Хилтон ги облече децата како екипаж на нејзиниот приватен авион – не го крие розовиот луксуз кој ѝ го подари сопругот
- Детали
- среда, 13 август 2025
„Со моите омилени мали копилоти“- напиша богатата наследничка на фотките од децата кои носат јакни со симболи со името на нејзиниот приватен авион, кој ѝ го подари сопругот за роденден, а е уреден луксузно, секако во розова боја и со нејзиниот потпис однадвор, за сите да знаат кој лета низ облаците.

Сопругот на Парис Хилтон за роденден ѝ подари целосно персонализиран приватен авион на сопругата – очекувано, целосно е розов во Барби стил, го има нејзиниот потпис однадвор, а внатре плени со луксуз.

Повеќето славни личности избегнуваат јавноста да знае за нивните приватни авиони, ниту пак да ги познава по нешто, но на Парис Хилтон не ѝ пречи сите да знаат кога таа прелетува по небото.
Сега на својот Инстаграм профил, таа објави фотки на кои позира со децата пред авионот, а сите се облечени во униформи како екипаж.
Децата носат авијатичарски јакни со симболи и името на нејзиниот авион „SlivAir“, а во описот напиша: „Со моите омилени копилоти“.
Инаку, авионот освен што однадвор го има нејзиниот потпис и натписот: „That’s Hot“, внатре е уреден со кожени седишта со рачно извезени детали, светла со повеќе нијанси на розова, маски за очи и шолји за кафе со името на авионот и уште многу други розови детали во нејзин стил.

Повеќе фотки со децата:












М. М. | Црнобело
