Ќерката на Мајкл Џексон ја покажа дупката во носот од користењето дрога: „Си го уништив животот, но веќе 6 години сум чиста“
- Детали
- вторник, 11 ноември 2025
„Немојте да се дрогирате, деца. Не ви препорачувам бидејќи мене дрогата ми го уништи животот“, вели Парис Џексон во видео во кое зборува за последиците што ги претрпело нејзиното тело од зависноста.

Ќерката на Мајкл Џексон, Парис, честопати зборува за нејзиното проблематично минато и зависноста од дрога.
27-годишната пејачка на почетокот од годината сподели дека е чиста веќе пет години, но уште зборува за нејзиното лошо искуство со надеж дека ќе ја зголеми свесноста кај младите.
Парис не крие дека со години користела дрога и имала проблем со алкохолизам, а сега зборуваше и за последиците што ги претрпело нејзиното тело од пороците.
На видео, кое моментално е споделено на профил од обожавател на Парис, таа открива дека во носот има дупка од честото користење дрога во минатото.
„Сфатив дека никогаш не сум зборувала за ова, а некогаш може да биде многу забележливо.
Можам да свирам многу гласно бидејќи можете да слушнете кога дишам низ носот, а тоа е бидејќи имам состојба позната како перфориран септум (дупка на носната преграда)“, вели Парис во видеото.
Таа дури и ја покажува дупката – со блицот од телефонот светнува во нејзиниот нос, а дупката на преградата е добро видлива.
Парис додава и дека поради дупката, некогаш се слуша свирење додека дише или зборува, што може да ѝ биде проблем кога пее.
Ваквата дупка може да биде предизвикана од повреди, инфекции, автоимуни болести, тумори или, како во случајот на Париз, од често консумирање дрога преку носот.
„Немојте да се дрогирате, деца… Не ви препорачувам бидејќи мене ми го уништи животот“, додава пејачката.
Парис вели дека дупката ѝ се направила кога имала 20-тина години, во период кога уште интензивно користела дрога.
https://www.tiktok.com/@parisjacksonbrasil/video/7570873760492817671
Иако Парис може да ја среди дупката со операција, вели дека не сака да ризикува. По операцијата веројатно ќе ѝ препишат лекови за болка, кои можат да предизвикаат зависност.
„Трезна сум речиси шест години. Мора да пиете апчиња кога ви прават таква операција. И, не сакам да ризикувам со тоа“.
Во јануари годинава, а Парис прослави пет години без дрога и алкохол со емотивна објава на Инстаграм.
„Здраво, јас сум Парис и јас сум алкохоличар и зависник од хероин. Денес се одбележуваат пет години како сум чиста и трезна од сета дрога и алкохол.
Да кажам дека сум благодарна е малку. Благодарноста не ја допира ни површината. Бидејќи сум трезна, денес можам да се смеам. Можам да правам музика.
Можам да ја искусам радоста од љубовта за моето куче и мојата мачка. Можам целосно да го почувствувам скршеното срце. Можам да тагувам. Можам да се смеам.
Можам да танцувам. Можам да верувам. Го чувствувам сонцето на мојата кожа и топло е“.
Парис зборуваше за проблемите со зависноста, но и менталното здравје уште пред да се откаже до пороците.
Во 2017-та, таа откри дека неколку од нејзините тетоважи се ставени со цел да ги прикријат белезите од користењето дрога, но и од самоповредувањето.
Денес Парис е во далеку подобра состојба. Се фокусира на својата музичка кариера, а лошите денови вели ги оставила зад себе.
Погледнете и: Татко му го држеше да виси од тераса, цел живот се крие од јавност: Каде е денес најмалиот син на Мајкл Џексон?
Спирова С. | Црнобело