Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Мараш е виновен за тетоважата“ – Која е девојката со ликот на Милош Биковиќ на нога?

„Не сум родена во Србија, но Србија е родена во мене“, вели девојката која го истетовира ликот на Биковиќ на бедрото, инспирирана од неговата улога во Južni vetar.

marash-e-vinoven-za-tetovazhata-koja-e-devojkata-so-likot-na-milosh-bikovikj-na-noga-01.jpg

Милош Биковиќ е еден од најдобрите и најуспешни актери во Србија, а иако е препознатлив по претходните успешни улоги, сепак кај помладата публика посебно се прослави благодарение на филмот Južni vetar.

Неговиот лик во филмот и истоимената серија, Мараш, е особено популарен кај помладите кои го гледаат како фраер и „лош дечко“.

Па така, неговиот лик заврши како тетоважа на ногата на една девојка, а тој самиот ја сподели фотката од неа на Инстаграм.

Подоцна српските медиуми открија која е девојката со тетоважа од Биковиќ. Станува збор за 24-годишната Јована Поповиќ, која дала ексклузивна изјава и фотки за alo.rs.

„На повеќето жени Милош им е во срце заради убавината, па ни јас не останав имуна на неговиот шарм. Го гледав филмот Južni vetar и тогаш се заљубив во сѐ што правеше Мараш и посакав на некој начин секогаш да биде со мене.“ – изјавила девојката.

marash-e-vinoven-za-tetovazhata-koja-e-devojkata-so-likot-na-milosh-bikovikj-na-noga-02.jpg

Прочитајте и Дедо од Македонија, мерак за Русинки – неколку факти за најпопуларниот балкански актер Милош Биковиќ

Сепак, Милош е само дел од исцртаните симболи кои ја поврзуваат Јована со Србија, иако не е родена таму.

„Не сум родена во Србија, но Србија е родена во мене“ – вака гласи другата тетоважа на 24-годишната девојка.

marash-e-vinoven-za-tetovazhata-koja-e-devojkata-so-likot-na-milosh-bikovikj-na-noga-03.jpg

Инаку тетоважите ѝ ги црта нејзиниот брат, кој е стручен во областа, а кога дознала дека се прославила, била многу возбудена.

„Брат ми влезе во соба и ми рече Јована нема да веруваш што се случи, Милош нè сподели со шеговит коментар. Многу се радував што на некој начин допрев до него и уште не ми се верува. Последно што очекував е дека ќе завршам во медиуми, но тоа е знак дека избрав вистински актер.“

Тие живеат во Германија, а Јована изјавила дека ја посетува Србија неколкупати годишно.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Ромео Бекам раскина со девојката која му е бивша на брат му Бруклин: Дали таа ја почна семејната дра... По седум месеци, Ромео Бекам стави крај на врската со Ким, која му е бивша девој...
Татко му бил убиен од бивша девојка – Тажни детали од животот на Еди Марфи Еди Марфи го загубил татко му кога имал само осум години. Тој бил убиен од жена ...
Што ѝ претходело на смртта на Лиам Пејн – Девојката го оставила сам, продуцентите му го раскинале до... „Требаше да бидеме во Аргентина 5 дена, а останавме 2 недели, само сакав да си о...
Обидот за камбек на Џим Кери засенет од самоубиството на свршеницата пред 9 години: „Тој е виновен з... Додека Џим Кери пробува да се врати во филмската индустрија бидејќи му требале п...
Ја изневери додека беше бремена, се шпекулира дека е виновен за нејзината смрт: Детали за врската на... Пред Кеси Вентура, Пи Диди беше во врска со Ким Портер со која доби четири деца....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg