„Детето само ќе си го одреди полот“: Емили Ратајковски е бремена + прва прошетка со трудничкото стомаче (фото)


„Детето само ќе си го одреди полот“: Емили Ратајковски е бремена + прва прошетка со трудничкото стомаче (фото)

Емили Ратајковски со насловна на Vogue ѝ соопшти на јавноста дека е бремена, а кратко по откривањето на новостите, беше забележана на прошетка во Њујорк.

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prvo-pojavuvanje-vo-javnosta-so-trudnichkoto-stomache-foto-01.jpg

29-годишната Емили Ратајковски сподели дека го очекува првото дете. Vogue ексклузивно ја сподели првично веста, а таа се појави на насловна позирајќи во сатенски фустан.

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prvo-pojavuvanje-vo-javnosta-so-trudnichkoto-stomache-foto-02.jpg

Стомачето на Емили веќе се познава, а таткото на детето е нејзиниот 33-годишен сопруг – продуцентот Себастијан со кого е во брак од 2018-та.

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prvo-pojavuvanje-vo-javnosta-so-trudnichkoto-stomache-foto-03.jpg

Емили вели дека не сака да го знае полот на детето, и тоа од многу интересна причина. Во есејот што го напишала за Vogue, Емили вели:

„Кога со сопругот им кажуваме на пријателите дека сум бремена првото прашање речиси секогаш им е дали сакам момче или девојче. Ние сакаме да им одговараме дека нема да го знаеме полот на детето додека не наполни 18 и не ни каже самото“.

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prvo-pojavuvanje-vo-javnosta-so-trudnichkoto-stomache-foto-04.jpg

Емили вели дека повеќето ѝ се смееле за ова, но таа смета дека полот е многу повеќе од гениталиите со коишто ќе се роди детето. Наводно, таа сакала детето да се соочи со што е можно помалку полови стереотипи додека расте.

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prvo-pojavuvanje-vo-javnosta-so-trudnichkoto-stomache-foto-05.jpg

Кратко откако ги соопшти вестите за бременоста, Емили беше забележана и во Њујорк.

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prvo-pojavuvanje-vo-javnosta-so-trudnichkoto-stomache-foto-06.jpg

Таа носеше црн фустан со засеци од страните, низ кои ѕиркаше нејзиното стомаче. Комбинацијата ја дополнила со црвени високи чизми. Додека позираше, Емили не ја тргна насмевката од лице и постојано се држеше за стомачето.

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prvo-pojavuvanje-vo-javnosta-so-trudnichkoto-stomache-foto-07.jpg

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prvo-pojavuvanje-vo-javnosta-so-trudnichkoto-stomache-foto-08.jpg

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prvo-pojavuvanje-vo-javnosta-so-trudnichkoto-stomache-foto-09.jpg

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prvo-pojavuvanje-vo-javnosta-so-trudnichkoto-stomache-foto-10.jpg

Познатиот модел откри и дека е во 20-тата недела од бременоста, со фотка на Instagram.

deteto-samo-kje-si-go-odredi-polot-emili-ratajkovski-e-bremena-prva-proshetka-so-trudnichkoto-stomache-foto.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Од Њујорк до Флорида: Сите луксузни имоти на Доналд Трамп Откако стана претседател на САД, Доналд Трамп поминал околу 25% од своето време ...
Зошто Кајли Џенер ја криеше бременоста? Ријалити ѕвездата со месеци ја криеше убавата вест од фановите, но експертите тв...
„Мислев дека е менопауза, забременив на 46 години“ - Исповеди на славни мајки за бременостa Бременоста не е секогаш планирана, но, неретко, неочекуваните подароци ни се нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg