„Не помнам три сезони од Friends“ – Метју Пери (51) го надмина алкохолизмот и ќе се венча со 29-годишната девојка

После долгата битка со алкохолизмот и здравстените проблеми што му ги предизвика, Метју Пери се чувствува подобро од кога било и сега ќе се венча со неговата 29-годишна девојка.

ne-pomnam-tri-sezoni-od-friends-metju-peri-go-nadmina-alkoholizmot-i-kje-se-vencha-so-29-godishnata-devojka-01.jpg

Изгледа 2020 и не е така лоша за Метју Пери – ѕвездата од Friends соопшти дека се верил со неговата девојка, 29-годишната Моли Хурвиц.

„Одлучив да се венчам. За среќа, баш сега сум во врска со најдобрата жена на планетава“, изјави актерот за светските медиуми.

ne-pomnam-tri-sezoni-od-friends-metju-peri-go-nadmina-alkoholizmot-i-kje-se-vencha-so-29-godishnata-devojka-02.jpg

Според PEOPLE, Метју и Моли се заедно уште од 2018 година, а таа ја потврди нивната врска дури на почетокот од оваа година, и тоа за Денот на вљубените, со објава на Instagram со која откри дека се заедно веќе две години.

Моли се држи подалеку од очите на јавноста и речиси и да нема фотографии од неа и Метју, а според некои извори таа работи во агенција за таленти и како продуцент.

ne-pomnam-tri-sezoni-od-friends-metju-peri-go-nadmina-alkoholizmot-i-kje-se-vencha-so-29-godishnata-devojka-3.jpg

Ова е всушност првиот брак на Метју, кој претходно имаше долга врска со Лизи Каплан. Парот беше заедно шест години, а се разделија во 2012-та.

Познатиот актер ќе има многу обврски следната година. Покрај планирањето на венчавката, тој и колегите од Friends конечно ќе се здружат за да снимаат уште една епизода од серијата, која беше одложена поради пандемијата.

ne-pomnam-tri-sezoni-od-friends-metju-peri-go-nadmina-alkoholizmot-i-kje-se-vencha-so-29-godishnata-devojka-04.jpg

Наводно на актерот сега му оди добро, но во минатото тој имаше сериозни проблеми со алкохолизмот. Во 2016 тој прозборе за мрачниот период од неговиот живот, изјавувајќи дека не помнел ништо од снимањето на речиси три сезони од Friends.

„Со текот на времето мојот проблем стана толку сериозен, што не можев да го скријам, и тогаш сите сфатија што ми се случува“, изјави тој во едно интервју.

Метју го глумеше Чендлер од 1994 до 2004, а беше на рехабилитација двапати додека траеше снимањето – во 1997 и 2001. Зборувајќи за неговата популарност откако излезе од рехабилитација, тој изјави:

„Сите суеверија и митови за славата станаа реалност. Бев доволно наивен да мислам дека славата ќе ми го исполни животот“.

ne-pomnam-tri-sezoni-od-friends-metju-peri-go-nadmina-alkoholizmot-i-kje-se-vencha-so-29-godishnata-devojka-05.jpg

Проблемите со зависност на актерот почнале откако доживеал несреќа за време на скијање. Поради повредите, тој примал лекови против болка и набрзо станал зависен од нив.

„Немав намера да си создавам проблеми со лекови за болка. Но уште од почетокот ми се допаѓаше како се чувствувам кога ги пијам, па сакав повеќе. Изгубив контрола и водев нездрав живот“.

Тој период актерот драстично ослабе, а оваа трансформација е повеќе од очигледна и во серијата.

ne-pomnam-tri-sezoni-od-friends-metju-peri-go-nadmina-alkoholizmot-i-kje-se-vencha-so-29-godishnata-devojka-06.jpg

Откако се јавиле и проблеми со алкохолизам, актерот поминал 28 денови на рехабилитација, но не поминало долго пред да биде хоспитализиран поради панкреатитис – последица од прекумерното пиење.

„За жал, ни болеста не ме натера да престанам да пијам“.

Актерот го допре дното во 2001, кога се појавил на работа толку мамурен, што не можел ни да работи. Тогаш им се јавил на родителите и побарал помош од нив.

„Беше страшно. Не сакав да умрам. Но, благодарен сум што толку ми се влоши ситуацијата. Само тоа ме натера да се обидам да се извлечам од зависноста“.

ne-pomnam-tri-sezoni-od-friends-metju-peri-go-nadmina-alkoholizmot-i-kje-se-vencha-so-29-godishnata-devojka-07.jpg

Потоа актерот помина два и пол месеци на рехабилитација и успеа да го надмине проблемот.

Метју има изјавено дека ја држи зависноста под контрола, но во 2011 самоволно се пријавил на рехабилитација во случај да посака повторно да пие.

„Планирам пак да одам на еден месец за да се фокусирам на закрепнувањето и здравјето. Слободно шегувајте се на моја сметка“, изјави тој тогаш.

ne-pomnam-tri-sezoni-od-friends-metju-peri-go-nadmina-alkoholizmot-i-kje-se-vencha-so-29-godishnata-devojka-08.jpg

Актерот имаше и проблеми со здравјето во 2018 и помина три месеци во болница, но сега конечно му се насмевнува среќата.

Можеби не работи на некој поголем филмски проект, но повеќе нема проблеми со алкохолот, здравјето му е во добра состојба и наскоро ќе се венча со љубовта на неговиот живот.

Колку се промени актерот низ годините, погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка... „Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава