Има македонско потекло, бил правник – Кој е „Романтичарот“ од истоимената турска хит-серија? (фото)

Џан, кој ја толкува улогата на истоимениот лик во хит-серијата Романтичарот, е турски актер, модел и правник, кој ги освојува женските срца на ТВ екраните и на социјалните мрежи.

ima-makedonsko-poteklo-bil-advokat-koj-e-romanticharot-od-istoimenata-turska-hit-serija-foto-01.jpg

Фановите на турски серии, сигурно знаат за кого станува збор, а девојките кои не се љубители на оваа ТВ програма, време е да се запознаат со еден од најзгодните турски актери.

Џан Јаман е турски актер, кај нас моментално популарен по улогата во серијата Романтичарот.

ima-makedonsko-poteklo-bil-advokat-koj-e-romanticharot-od-istoimenata-turska-hit-serija-foto-02.jpg

31-годишниот турски заводник има мешано потекло – неговиот дедо бил имигрант од Косово, а неговата баба потекнува од Македонија.

Тој моментално живее и работи во Истанбул, има студирано право и од 24-тата година почнал да работи во правна фирма, но не се пронашол во професијата.

Во интервју за HELLO, во 2018-та има изјавено:

„Седењето по цел ден во канцеларија со одело ми пречеше. Кога ми дадоа годишен одмор, повеќе не се вратив. Следно, пријателите ме видоа на телевизија.“

Сега работи како модел и актер, има добиено неколку филмски награди, а на Инстаграм има преку 7 милиони обожаватели.

Повеќе фотки од романтичарот Џан Јаман: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрли жена во езеро, ѝ се заканил на бившата дека ќе ја убие: Мрачната страна на Бил Мареј Бил Мареј можеби изгледа како добра личност и уште подобар актер, но изминативе ...
Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Две афери, украден мебел од Белата куќа: Скандали што Бил и Хилари Клинтон сакаат да ги заборавиме Бил Клинтон имаше две афери (кои ѝ се познати на јавноста), а со Хилари беа крит...
Ретро спомени од времето кога Ирина Шајк беше „обична“ девојка од Русија – пред да стане славна (фот... Почетоците на моделската кариера, ретро мода, позирање на стари тапети со завеси...
Позира во танга бикини, вереникот ја мачка на плажа – Дуа Липа го покажа фит телото во Мексико (фото... Дуа Липа го покажа виткото тело во минималистички леопардски бикини, а изгледа в...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...

Најчитани неделава