Барањата на Шакира

baranjata-na-sakira-vo-belgrad-povekjeСите оние кои сакаат да ја видат колумбиската пејачка Шакира во живо имаат можност тоа да го направат на 9ти мај, најблиску до нас – во Белградската Арена.


Шакира со сигурност ќе одржи спектакуларен концерт, но на организаторите воопшто не им било лесно да ја доведат во Србија.

На листата на желби на пејачката најважни се обезбедувањето и храната. Имено, на Шакира на располагање ќе и бидат две црни лимузини со затемнети стакла. За неа ќе се грижат и вооружени телохранители. Шакира не барала премногу за опремата во нејзината просторија во Арената, но затоа доставила листа на интересни намирници кои сака да ја пречекаат во српската престолнина.

Таа со себе носи сопствен кувар, и очекува да има на располагање: манго, банани, мандарини, боровинки, капини, јагоди, праски, сливи, лубеница, неколку видови чипс, грицкалки и соодветни слатки.

Што се однесува до пијалакот, не барала ништо алкохолно, туку: диетална кока кола, диетално и обично пепси, вода Фиџи, 7up, 6 видови енергетски пијалаци, неколку видови чаеви, млеко од соја како и природен сируп за искашлување. Интересно е што Шакира изразила желба сè што ќе остане да биде донирано во локалната народна кујна.

baranjata-na-sakira-vo-belgrad

Би можело да ве интересира:

Вера Ванг со нов имиџ го прослави 77-иот роденден – и во осмата деценија изгледа како млада девојка ... И на 77 години Вера Ванг изгледа како млада девојка. Неодамна дизајнерката славе...
Шајло Џоли со нов имиџ е копија на мајка ѝ Анџелина во младоста – има платинеста коса и пирс на уста... Шајло беше забележана во Њујорк со платинесто руса коса, иста каква што имаше ма...
Се предозира, доживеа инфаркт, зборуваше со вонземјани: Низ што сè помина Деми Ловато, пред да напра... Деми Ловато почнала да користи опијати на 13-годишна возраст, за потоа да премин...
Бруклин Бекам ладно ги изигнорира роденденските честитки од родителите: „Подготвени се да стават кра... „Не се само Викторија и Дејвид, и неговите три тетки исто така споделија објави ...
Сандра Булок неутешна 2 години по трагичната смрт на саканиот – се крие од јавност, не сака да глуми Поминаа две години од смртта на партнерот на Сандра Булок, кој таа го нарекуваше...
Беше во затвор, пишувала еротски приказни: Факти за Мишел Родригез, актерката што глуми „опасни дево... Мишел Родригез неколкупати била во затвор за разни сообраќајни прекршоци. Истовр...

Најчитани неделава