Сандра Булок неутешна 2 години по трагичната смрт на саканиот – се крие од јавност, не сака да глуми
- Детали
- петок, 14 ноември 2025
Поминаа две години од смртта на партнерот на Сандра Булок, кој таа го нарекуваше нејзина сродна душа. Актерката уште не може да се справи со загубата и на последните папарацо фотки изгледа тажно и скршено.

Речиси цела година Сандра Булок се крие од јавност, додека тагува за смртта на партнерот.
61-годишната актерка последен пат беше видена во декември минатата година и оттогаш не одеше на настани ниту, пак, беше забележана во јавност.
Сега, по 11 месеци, актерката беше фотографирана во Лос Анџелес во нејзиниот автомобил.
Со неа беше нејзиниот 15-годишен син и нивното куче.
Наместо широката насмевка која беше препознатлива за неа, Сандра изгледа скршено и веројатно тешко се справува со загубата на саканиот.
Партнерот на Сандра, Брајан Рендал, почина пред две години од амиотрофична латерална склероза.
Актерката ја криеше неговата дијагноза, а во 2022-ра се повлече од индустријата за да може да се грижи за него.
Сандра и сопругот беа во брак од 2015 година и иако одбива да ја коментира загубата, нејзините блиски велат дека има поддршка од саканите.
„Сега е подобро. Нејзините деца се прекрасни. Среќна е што е мајка.
Нејзините пријатели ѝ ја даваат целата поддршка што и треба – и кога сопругот беше болен, и откако почина“.
Иако се шпекулира дека Сандра работи на ново продолжение на филмот Speed со Кијану Ривс, засега не се познати други детали.
Минатата година, друг извор сподели дека Сандра би сакала да се врати на работа.
„Сандра постепено ќе му се враќа на јавниот живот откако ја загуби нејзината голема љубов. Возбудена е за иднината. Подготвена е да се врати.
Сандра е отворена и за можност во иднина повторно да најде љубов, но засега закрепнува полека и се фокусира на децата“.
Сепак, изгледа дека убавата актерка уше не е подготвена да се врати во јавност, уште помалку да глуми.
И покрај тешкиот период, нејзините блиски велат дека Сандра е извонредна мајка.
„Сандра е многу посветена мајка. Нејзините деца сакат да спортуваат, а Сандра присуствува на сите нивни натпревари.
Сакаат да минуваат време во природа, да возат велосипед и да планинарат“.
Инаку, актерката има две посвоени деца, а партнерот го запозна токму на роденденска забава на едно од нив.
Тој беше фотограф, а Сандра го најмила за роденденската забава на постарото дете.
Набрзо потоа почнаа врска и заедно се грижеа за двете деца. Фотографот имаше и 30-годишна ќерка од претходна врска.
„Ја најдов љубовта на мојот живот. Имаме две прекрасни деца – три деца, со неговата постара ќерка. Прекрасно ни е“.
Иако Сандра и Брајан никогаш не стапија во брак, тие направија интимна церемонија каде разменија заклетви.
Три години подоцна, во 2020-та, Брајан ја добил дијагнозата. Извори блиски до парот велат дека Сандра мошне добро се грижела за него, а уште подобро ја криела дијагнозата.
„Сандра и Брајан беа поблиски од кога било кога тој почина. Кон крајот, Сандра не дозволуваше никој да влезе во нивниот дом, освен докторите и медицинските сестри.
Тогаш се појавија гласини дека се разделиле, па ова ѝ помогна на Сандра подобро да ја скрие болеста на сопругот. За нив беше полесно јавноста да мисли дека се разделени, отколку да поставуваат прашања“.
Сандра останал покрај саканиот до последните мигови.
Брајан почина во 2023-та, на 57-годишна возраст.
Спирова С. | Црнобело