„Не сакаа да се венчаат, но тој ѝ беше сродна душа“: Каде исчезна Сандра Булок по смртта на саканиот?

„Сандра имаше сè, но смртта на партнерот многу ја погоди. Изминативе неколку години се особено тешки за неа, но нејзините деца ѝ даваат сила“, велат извори блиски до актерката која две години се крие од јавноста.

ne-sakaa-da-se-venchaat-no-toj-beshe-srodna-dusha-kade-ischezna-sandra-bulok-po-smrtta-na-sakaniot-01.jpg

По смртта на нејзиниот долгогодишен партнер Брајан Рандал, Сандра Булок не само што се повлече од филмската индустрија, туку како целосно да исчезна од јавност.

Актерката избегнува да излегува до тој степен, што минатата недела беше забележан во јавност првпат по речиси цела година.

Сандра ја паузира кариерата уште пред смртта на саканиот, па од 2022-ра нема снимено ниту еден филм.

ne-sakaa-da-se-venchaat-no-toj-beshe-srodna-dusha-kade-ischezna-sandra-bulok-po-smrtta-na-sakaniot-04.JPG

Па, што точно ѝ се случува и што откриваат нејзините блиски?

Како што открива извор за Daily Mail, Сандра веќе е на возраст кога не е прв избор за филмови со романтична приказна – жанрот што ѝ „лежеше“ најмногу. Притоа, и самата веќе не била многу заинтересирана за вакви улоги.

Изворот додава и дека 61-годишната актерка можеби ќе се врати на филмското платно, но дека сега не е очајна за тоа.

„Сандра не оди тивко во пензија, но ќе треба нешто навистина посебно за да се врати на работа. Има неколку опции, но ништо фиксно.

Кога ќе се врати, ќе дава интервјуа, ќе зборува за она низ што минува, но уште не е подготвена“.

ne-sakaa-da-se-venchaat-no-toj-beshe-srodna-dusha-kade-ischezna-sandra-bulok-po-smrtta-na-sakaniot-08.JPG

Се шпекулираше дека Сандра повторно ќе соработува со Кијану Ривс, на продолжение од филмот Speed од 1994 година.

Најверојатно актерката ќе ја репризира и улогата за продолжението на Practical Magic. Но, како што вели изворот, ништо од ова не е сигурно.

Иако Сандра отсекогаш сонувала да стане актерка, кога го запознала саканиот, нејзиниот фокус се променил.

„Кога го сретна Брајан и кога стана мајка, тој брзо стана љубовта на нејзиниот живот – тој беше причина да се буди секое утро.

Сандра имаше сè, но кога го изгуби Брајан, мораше да си ги промени приоритетите. И, снимањето филмови не беше приоритет…

Смртта на Брајан ја погоди многу. Сите различно се справуваат со скршено срце, а изминативе неколку години беа особено тешки за Сандра.

Уште има тешкотии со кои пробува да се справи, но нејзините деца ѝ даваат сила низ овој период“.

ne-sakaa-da-se-venchaat-no-toj-beshe-srodna-dusha-kade-ischezna-sandra-bulok-po-smrtta-na-sakaniot-02.JPG

Сандра и Брајан беа заедно осум години, а последните ти години од животот, тој во тајност водеше битка со амиотрофична латерална склероза.

Иако актерката велеше дека тој е нејзина сродна душа, истакна дека не чувствувале потреба да се венчаат.

Сандра претходно беше во брак со ТВ водителот Џеси Џејмс, но се разведоа поради неговите неверства.

„Јас сум личност која има почувствувано развод. Сега ја најдов љубовта на мојот живот. Имаме прекрасни деца“, изјави актерката во период кога саканиот веќе ја добил дијагнозата.

ne-sakaa-da-se-venchaat-no-toj-beshe-srodna-dusha-kade-ischezna-sandra-bulok-po-smrtta-na-sakaniot-09.JPG

Тогаш таа сподели и дека Брајан е прекрасен родител и претставува одличен пример за нивните деца.

„Некогаш не се согласуваме. Но, тој е одличен пример за нашите деца, дури и кога не се согласувам со него“.

ne-sakaa-da-se-venchaat-no-toj-beshe-srodna-dusha-kade-ischezna-sandra-bulok-po-smrtta-na-sakaniot-06.JPG

По смртта на саканиот, Сандра не се држи само настрана од јавност, туку се оддалечила и од блиските.

Но, изворите велат дека сега се чувствува малку подобро и дека почнала да излегува почесто. Сепак, смртта на саканиот создала голема промена кај неа.

„По смртта на Брајан, се изолира, но малку по малку, почна да излегува. Нејзините пријатели велат дека постои можност во иднина да биде отворена и за нова врска.

Сандра научи многу од Брајан, од нивната врска и од неговата смрт. Таа е многу посилна отколку што мисли“.

ne-sakaa-da-se-venchaat-no-toj-beshe-srodna-dusha-kade-ischezna-sandra-bulok-po-smrtta-na-sakaniot-03.JPG

Актерката, пак, уште молчи за целата ситуација.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...

Најчитани неделава