Уцени за пари, дијабетес и неверојатна трансформација – што се случи со скромната Сузан Бојл, ѕвездата од Britain’s Got Talent?


Уцени за пари, дијабетес и неверојатна трансформација – што се случи со скромната Сузан Бојл, ѕвездата од Britain’s Got Talent?

Во 2009-та година, Сузан Бојл од Шкотска се пријави на Britain’s Got Talent. Тогаш таа имаше 47 години, а кога се појави на сцената, ни публиката, ни судиите не очекуваа дека наскоро таа ќе стане најпознатиот учесник во шоуто, но набрзо дури и Сајмон го остави во неверување - сега таа е милионер, минала низ предизвици, но уште живее скромно. 

uceni-za-pari-dijabetes-i-neverojatna-transformacija-shto-se-sluchi-so-suzan-bojl-dzvezdata-od-britain-s-got-talent01.jpg

На првата аудиција, кога Сузан изјави дека сака да биде професионален пејач, повеќе од очигледно беше дека никој не ја сфати сериозно. Но, кога почна да ја пее I Dreamed a Dream, песна од филмот Les Miserables, дури и Сајмон, кого го бие глас дека е најстрогиот судија, ја гледаше во неверување. Сузан не отпеа ни една строфа од песната, кога целата публика стана и почна да ракоплеска.

uceni-za-pari-dijabetes-i-neverojatna-transformacija-shto-se-sluchi-so-suzan-bojl-dzvezdata-od-britain-s-got-talent-06.jpg

Кога заврши со песната, Сузан не кажа ништо, туку сакаше да се тргне од сцената, но судиите ја викнаа да се врати. Сузан ги послуша, а Пирс Морган, еден од судиите ѝ рече:

„Кога застана на сцената и кажа дека сакаш да бидеш пејачка, сите овде ти се смееја. Сега, никој не се смее. Твојата изведба беше неверојатна“.

И другите судии, Сајмон и Аманда, имаа само пофални зборови, а оттогаш животот на Сузан драстично се промени.

На шоуто Сузан изјави дека преживува со околу 500 долари неделно – сума што е навистина мала за живот во Шкотска – но уште тогаш ја покажа нејзината скромност, изјавувајќи дека тоа ѝ е сосема доволно.

Сузан не победи на шоуто, но стигна до финалето и сега, 13 години после аудицијата, таа има заработено над 20 милиони долари од музичката кариера.

uceni-za-pari-dijabetes-i-neverojatna-transformacija-shto-se-sluchi-so-suzan-bojl-dzvezdata-od-britain-s-got-talent-08.jpg

За жал, богатството не ѝ донело само поудобен живот, туку и сериозни семејни проблеми. Наводно, нејзиниот брат Гери почнал да ѝ се заканува дека ќе си го одземе животот ако таа не му даде 50.000 долари.

Поради овој инцидент, Сузан и нејзиниот брат не зборувале повеќе од две години. Според британските медиуми, до тој момент Сузан веќе му дала речиси половина милион долари на брат ѝ, но според другите членови од семејството, тој никогаш не бил задоволен.

uceni-za-pari-dijabetes-i-neverojatna-transformacija-shto-se-sluchi-so-suzan-bojl-dzvezdata-od-britain-s-got-talent-09.jpg

Нејзиното семејство вели дека штом почнала да заработува многу, Сузан веднаш почнала да им дава пари, а нејзиниот брат дефинитивно добил најмногу. Во периодот кога почнале неговите закани, внукот на Сузан изјави дека неговата цел е да ѝ земе сè што заработила. Тогаш, околу 2013-та година, Сузан решила да се оддалечи од брат ѝ, но во 2016-та ги подобриле односите.

Сузан никогаш немала сериозна љубовна врска, но кога се прослави, откри дека имала кратка врска со некој доктор.

„Отидовме на вечера, но не кажав никому. Мислам дека ако сега најдам партнер, тоа ќе биде платонска врска – сама сум многу долго време и мислам дека веќе е доцна да стапам во брак“.

uceni-za-pari-dijabetes-i-neverojatna-transformacija-shto-se-sluchi-so-suzan-bojl-dzvezdata-od-britain-s-got-talent-02.jpg

Сузан не била научена да добива внимание од мажи, а во едно интервју изјави:

„Кога добивам писма од машки фанови, поласкана сум што им се допаѓам“.

uceni-za-pari-dijabetes-i-neverojatna-transformacija-shto-se-sluchi-so-suzan-bojl-dzvezdata-od-britain-s-got-talent-07.jpg

Иако Сузан е милионерка, таа уште живее во домот во којшто пораснала во Блекбурн, Шкотска, и направила само мала промена – ја купила малата куќа веднаш до нејзината за да има повеќе простор.

Еднаш купила нова куќа, но ѝ било тешко да се привикне, па повторно си се вратила во стариот дом.

„Мислам дека е поради сеќавањата и растењето во таа куќа. Сметам дека сите треба да запомниме од каде доаѓаме и каде се нашите корени. На овој начин ќе бидете приземјени и нема да кажете или направите нешто за коешто подоцна ќе се покаете“, изјави таа во врска со нејзиниот дом.

uceni-za-pari-dijabetes-i-neverojatna-transformacija-shto-se-sluchi-so-suzan-bojl-dzvezdata-od-britain-s-got-talent-05.jpg

Во 2016-та Сузан беше дијагностицирана со дијабетес тип 2 и лекарите ѝ рекле дека мора да ослабе.

„Морав да престанам да јадам слатки и торти. Тоа ми го загрозуваше животот“.

uceni-za-pari-dijabetes-i-neverojatna-transformacija-shto-se-sluchi-so-suzan-bojl-dzvezdata-od-britain-s-got-talent-10.jpg

Покрај дијабетесот, во 2012-та Сузан беше дијагностицирана и со Аспергеров синдром, а поради болеста, еден период престана да настапува.

Сузан го издаде последниот албум во 2016-та година и сега живее подалеку од очите на јавноста. Одвреме-навреме има музички ангажмани, како гостувања во Britain’s Got Talent,  а имаше закажано и турнеја за декември 2019-та, која беше откажана.

uceni-za-pari-dijabetes-i-neverojatna-transformacija-shto-se-sluchi-so-suzan-bojl-dzvezdata-od-britain-s-got-talent-03.jpg

Сузан продолжува да ги покажува нејзините скромност и дарежливост и, наводно, им ги исплатила сите долгови на најблиските членови од семејството.

Пејачката има изјавено дека додека е жива, никој од нејзините блиски нема да има проблеми со пари. Минатата година, пак, таа откри дека најскапите работи што си ги купила досега биле крзнена бунда, пијано и мотоцикл.

uceni-za-pari-dijabetes-i-neverojatna-transformacija-shto-se-sluchi-so-suzan-bojl-dzvezdata-od-britain-s-got-talent-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко на 69 години: Ричард Гир доби син со 33 години помладата сопруга 69-годишниот Ричард Гир и 35-годишната Алехандра Силва го добија нивното прво за...
По 15 години молк, мajката на Кејт Мидлтон го даде првото интервју - како е да имаш зет принц? Мајката на Кејт и Пипа Мидлтон го даде првото интервју и проговори за тоа колку ...
„Некогаш треба и да замолчите“ – љубовни совети од славните парови кои се заедно со години Иако во светот на шоу-бизнисот има повеќе разводи и афери отколку среќни врски, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg