Рак, мозочен удар, насилен сопруг: Мрачни факти за животот на Тина Тарнер во новиот документарец за неа
Во документарецот се говори и за расизмот со кој Тарнер се среќавала.
Но, најинспиративното нешто е духот на Тина. Таа се соочила со секакви тешкотии и не се предала, а за себе сега вели дека е среќна 81-годишна жена.
И додека на камерата имало успеси и слава, зад камерата таа се соочувала со борба и болка.
Зад себе таа има борба со рак на тенкото црево, мозочен удар, откажување на бубрег и трансплантација на бубрег во 2017 година, но изгледа неверојатно во 81-вата година од животот.
Имала и посттрауматски стрес од злоупотребата од страна на првиот сопруг и музички партнер Ајк Тарнер.
Гледајќи наназад Тина вели: „Не беше тоа добар живот. Доброто не правеше баланс со лошото.“
Потоа додава искрено: „Имав живот полн злоупотреба, нема друг начин да ја раскажам приказната. Тоа е реалност. Тоа е вистината. Тоа е тоа и мора да го прифатам.“
Во документарниот филм кој треба да излезе кон крајот на месец март, Тина за првпат говори и за мажот кој конечно ѝ донесе среќа, вториот сопруг Ервин Бах (65).
Тој вели дека Тина е како војник што се вратил од војна. Парот е заедно веќе 30 години.
Трејлерот за „Tina“, новиот документарен филм за Тина Тарнер:
С. С. | Црнобело