Бен Афлек јавно ѝ се додворува на бившата Џеј Ло: „Како е можно да изгледаш исто како во 2003-та?“

„Зошто ти изгледаш исто како во 2003-тата, а јас изгледам како да сум во 40-тите години... најмалку?“ - 17 години по разделбата со Џеј Ло, Бен Афлек упатува јавно восхитувачки зборови кон неговата поранешна свршеница.

ben-aflek-javno-i-se-dodvoruva-na-bivshata-djej-lo-kako-e-mozhno-da-izgledash-isto-kako-vo-2003-ta-01.jpg

Бен Афлек (48) има само пофални зборови за неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез која ќе се појави на насловната страница на мајското издание на InStyle.

Магазинот собра неколку поранешни љубови на Џеј Ло кои споделија дел од заедничките спомени од времето поминато со неа. Меѓу соговорниците беа дел и некои од поранешните соработници и познати личности како Метју Меконахи, Шарлиз Терон и Мишел Обама.

Но, она што особено им привлече внимание на фановите е додворувачката изјава на Бен Афлек за Џенифер Лопез.

jenifer-ben.jpg

За 51-годишната пејачка и актерка често се коментира, особено затоа што ако ги погледнете нејзините фотографии наназад, ќе сфатите дека таа не само што и во шестата деценија од животот изгледа младо, туку ви се чини и како да се подмладила.

ben-affleck-jlo-z.jpg

Во минатото нејзиниот поранешен свршеник Бен Афлек во неколку наврати говореше за нивната врска, а сега во интервјуто за магазинот, повторно не штедеше на пофални зборови за неа:

„Мислев дека јас поседувам добра работна етика, но бев во целост потчинет и запрепастен од она на што таа се обврзуваше да го направи секојдневно, сериозноста со која ѝ пристапуваше на работата, тивкиот и посветен начин на кој што ги постигнуваше сопствените цели, а како потоа ќе почнеше од почеток и ќе ги удвоеше напорите.

Таа е, до ден денешен највредната личност што сум ја запознал во професијата. Има голем талент, но исто така, таа работеше напорно за својот успех и среќен сум затоа што се чини дека, на крај, ги добива пофалбите, што ги заслужува.“

Она што особено им привлече внимание на странските медиуми и фановите е додворливиот начин на кој Бен прокоментира и за безвременската убавина на неговата поранешна свршеница:

„Каде ја чуваш фонтаната на младоста? Зошто ти изгледаш исто како во 2003-тата, а јас изгледам како да сум во 40-тите години... најмалку?“

На овој коментар, пејачката одговори дека Бен е забавен и дека и тој изгледа добро исто така.

Инаку, Бен Афлек и Џеј Ло почнаа да се гледаат во летото 2002-та година, откако се запознаа на сетот на нивниот филм „Гигли“. Понатаму заедно играа и во филмот „Девојката од Џерси“, а актерот се појави и во музичкиот спот на една од најпознатите нумери на пејачката „Jenny from the Block“.

Веќе поминаа 17 години од разделбата помеѓу Афлек и Лопез. Џеј Ло досега во неколку наврати говореше јавно за нивната врска, а актерот во една прилика изјави дека за времето на нивната врска луѓето биле премногу злобни кон неа.

За тоа што кажа неодамна Афлек за неправдата кон Џеј Ло, прочитајте повеќе ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава