„Сите беа злобни кон неа“ – Бен Афлек првпат прозборе за врската со Џеј Ло

Во поткаст за The Hollywood Reporter, Бен Афлек сподели дека додека бил во врска со Џеј Ло, тогашните таблоиди биле многу злобни, па дури и расистички настроени кон неа.

site-bea-zlobni-kon-nea-ben-aflek-prvpat-prozbore-za-vrskata-so-dzhej-lo01.jpg

Бен Афлек и Џенифер Лопез се вљубија додека го снимаа филмот Gigli, беа заедно од 2002-ра до 2004-та година, па дури и се верија. После веридбата парот прво ја одложи венчавката, а потоа се разделија.

Досега Џеј Ло неколкупати има зборувано за врската со актерот, но ова е првпат Афлек да прозбори нешто.

За The Hollywood Reporter, актерот изјави дека за време на нивната врска, луѓето и таблоидите биле премногу злобни кон Џеј Ло.

„Луѓето беа многу злобни кон неа – сексистички, расистички. За неа беа пишувани грди, злобни работи, за кои денес би добиле отказ ако ги напишете. Сега таа е почитувана за работите што ги направила, за нејзиното потекло, за нејзините подвизи. Е, па треба да биде!“, вели актерот во поткаст за познатиот медиум.

site-bea-zlobni-kon-nea-ben-aflek-prvpat-prozbore-za-vrskata-so-dzhej-lo-02.jpg

„Знаете, секогаш има приказна на месецот, а мојата врска со Џенифер Лопез беше таква приказна, во период кога бизнисот со таблоидите стануваше сè поголем“, вели актерот, додавајќи дека со Џеј Ло чувствувале огромен притисок од јавноста.

Моментално Афлек е во врска со актерката Ана де Армас, а Џеј Ло е верена со Алекс Родригез. Пејачката има изјавено дека во 2002-ра, кога била со Бен, добивала многу повеќе внимание, отколку сега кога е со Алекс.

site-bea-zlobni-kon-nea-ben-aflek-prvpat-prozbore-za-vrskata-so-dzhej-lo-06.jpg

site-bea-zlobni-kon-nea-ben-aflek-prvpat-prozbore-za-vrskata-so-dzhej-lo-07.jpg

„Всушност, тогаш беше полошо. Беше лудо. Денес барем имам можност да ви покажам која сум јас. Тогаш моравте да верувате во гласини. Многупати гласините беа лажни или покажуваа само третина од вистината“, изјави пејачката во 2018-та.

site-bea-zlobni-kon-nea-ben-aflek-prvpat-prozbore-za-vrskata-so-dzhej-lo-03.jpg

После веридбата, Џеј Ло и Афлек мораа да ја одложат венчавката поради огромниот интерес на јавноста за самиот настан. И двајцата чувствувале огромен притисок и сметале дека целото внимание ќе го уништи нивниот посебен ден.

Најпрво ја закажаа венчавката за крајот на 2003-та, потоа ја одложија, а на почетокот од следната година најавија дека венчавката е откажана и дека се разделуваат.

site-bea-zlobni-kon-nea-ben-aflek-prvpat-prozbore-za-vrskata-so-dzhej-lo-04.jpg

После разделбата, Афлек почна врска со Џенифер Гарнер. Тие се венчаа во 2005-та, а десет години подоцна најавија дека се разделуваат.

Претходно актерот немаше кажано скоро ништо за врската со Џеј Ло, но во 2019-та изјави дека таа заслужува номинација за Оскар за изведбата во Hustlers.

„Одвреме-навреме сме во контакт и многу ја почитувам. Зарем не е неверојатно што таа го сними нејзиниот најдобар филм на 50 години?“

site-bea-zlobni-kon-nea-ben-aflek-prvpat-prozbore-za-vrskata-so-dzhej-lo-05.jpg

Ни актерот ни Џеј Ло немаат споделено детали за нивниот сегашен однос, но очигледно е дека се почитуваат и си го посакуваат најдоброто.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg