Зошто принцот Филип никогаш не стана крал?

Ако принцот Вилијам стане крал, Кејт Мидлтон ќе стане кралица, но зошто принцот Филип никогаш не стана крал?

zoshto-princot-filip-nikogash-ne-stana-kral-01.jpg

Принцот Филип, кој почина на 99-годишна возраст, пред повеќе од 70 години стапи во брак со тогаш принцезата Елизабета и беше присилен да се откаже од неговите грчки и дански кралски титули за да стане Војводата од Единбург.

Но, една деценија подоцна, во 1957 година, кралицата Елизабета официјално го прогласи за британски принц.

zoshto-princot-filip-nikogash-ne-stana-kral-04.jpg

Но, зошто тој никогаш не ја доби титулата крал?

Сопругите на британските монарси по правило ја добиваат церемонијалната титула кралици.

zoshto-princot-filip-nikogash-ne-stana-kral-02.jpg

На пример мајката на Елизабета станала кралица кога нејзиниот сопруг Џорџ VI станал крал, Камила најверојатно ќе стане кралица ако Чарлс стане крал, а истото важи и за Кејт Мидлтон ако принцот Вилијам стане крал.

zoshto-princot-filip-nikogash-ne-stana-kral-03.jpg

Но, обратната ситуација не е правило. Односно, мажот кој ќе се ожени за жена британски монарх ја добива титулата принц, а не крал. Како и многу кралски традиции, ова правило се припишува на стариот и моќен патријархат.

Се смета дека кралевите секогаш владеат, додека кралиците може да бидат само симболични титули.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...
Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Ал Пачино жали што не се венчал со Дајан Китон: „Беше љубовта на неговиот живот, а сега е предоцна“ По смртта на актерката Дајан Китон, Ал Пачино жалел за неговата најголема грешка...

Најчитани неделава