Ал Пачино жали што не се венчал со Дајан Китон: „Беше љубовта на неговиот живот, а сега е предоцна“
- Детали
- понеделник, 13 октомври 2025
По смртта на актерката Дајан Китон, Ал Пачино жалел за неговата најголема грешка – тоа што не се венчал со неа, без разлика што се гледаа повеќе од десет години. Актерот никогаш не стапи во брак, а велел дека Дајен е „љубовта на неговиот живот“.

Во саботата (11.10) почина актерката Дајен Китон на 79-годишна возраст.
Се прослави со улогата во The Godfather, каде што го запозна колегата Ал Пачино кој сега, по нејзината смрт, почнал да жали за неговата најголема грешка – тоа што не се венчал со неа.
Ал Пачино и Дајан, која ја нарекувал „љубовта на неговиот живо“, почнаа да се гледаат во 1971 година, и раскинуваа и се смируваа сè до 1987-ма.
Но, актерот никогаш не ја побарал за жена и за Дајан ова било причина конечно да стави крај на нивната врска.
„Дајен можеше да се замисли во брак со Ал, па дури и да има деца со него. Но, по многу години раскинување и смирување, сметаше дека треба да се венчаат сега или никогаш. И, му рече да се венчаат или да се разделат.
На нејзино големо изненадување, Ал ја остави, велејќи дека ниту една жена нема да го притисне да прави нешто за коешто не е подготвен“.
Според некои извори, Ал не сакал брак бидејќи неговите родители се развеле.
„Имал само две години кога се развеле родителите и му било тешко да расте без татко.
Иако има четири деца со три различни жени, не планирал да се е венча со ниту една од нив“.
Извори блиски до актерот велат дека сега се кае што не ја побарал за жена.
„Знам дека засекогаш ќе жали што не ја побара за жена кога имаше можност за тоа. Со години откако се разделија, Ал велеше ’Ако ни било судено, никогаш нема да биде доцна да се обидеме повторно‘.
Но, за жал, сега е предоцна. Ал признава дека Дајан е љубовта на неговиот живот и секогаш ја нарекуваше прекрасна жена“, вели изворот за Daily Mail.
Тој додава и дека откако раскинале, тие воопшто не биле во контакт.
„Еднаш го прашав зошто и ми рече ’Нема потреба да зборуваме. Си кажавме сè што имавме да си кажеме‘“.
Додека Ал жалел, пред неколку години, Дајан изјави дека можеби било подобро што не се венчале.
„Не мораше ни да ме запроси. Мислев дека само ќе посака да се венчаме некогаш. Но, тоа никогаш не се случи и ова е благослов и за двајцата. За него ќе беше кошмар ако се венчавме.
И двајцата сме ексцентрични – него му треба жена што ќе се грижи за него, мене ми треба маж кој ќе се грижи за мене. Беше важно што се разделивме, но изборот не беше мој“.
Сепак, Дајан признава дека се вљубила во него уште кога го запознала.
„Бев луда по него. Беше шармантен, забавен, постојано зборуваше. И колку беше прекрасен!“
Ал никогаш не стапи во брак, но и Дајан не застана пред олтар.
Во 50-тите години од животот таа посвои две деца – ќерката Декстер која сега има 29 години, како и синот Дјук кој сега има 25 години.
Ал Пачино, пак, има 35-годишна ќерка, 24-годишни близнаци и 2-годишен син.
Спирова С. | Црнобело
