Милош Биковиќ и турската ѕвезда, позната како Хурем, во гламурозни изданија на црвен тепих во Русија (фото)

Голем број актери се собраа вчера по повод отворањето на Интернационалниот филсмки фестивал во Москва. Меѓу многуте успешни имиња во руската филмска индустрија, беа и двајца актери што се мошне познати и за македонската публика: српскиот актер Милош Биковиќ и турската актерка Мерием Узерли.

milosh-bikovikj-i-turskata-dzvezda-poznata-kako-hurem-vo-glamurozni-izdanija-na-crven-tepih-vo-rusija-foto-01.jpg

Српскиот актер Милош Биковиќ откако ги освои срцата на публиката на просторите на поранешна Југославија, сега е сѐ поактивен во руската кинематографија.

Тој во последните неколку години живее на релација Белград – Москва. На 43-иот по ред Интернационален филмски фестивал во Москва, кој беше свечено отворен вчера (22.04), Биковиќ се појави на црвениот тепих, а со фотографија од настанот се пофали и на својот Инстаграм профил.

Како што пишува до фотографијата за неговиот изглед се погрижи Бунело Чучинели, а мора да признаеме дека како и вообичаено, Биковиќ изгледа прекрасно, па јасно е зошто често за него пишуваат дека е заводник и лесно ги освојува женските срца.

„Го отворивме ММКФ и едвај чекам да гледам филмови, да запознаам творци. Ќе биде ова убава недела. Пу, пу, пу... “ - напиша Биковиќ.

Инаку, освен Биковиќ, на црвениот тепих во Москва се појави уште една актерка што ѝ е позната на македонската публика, а тоа е Мерием Узерли, која ја играше Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“.

Како што нагласи на Инстаграм профилот, на 25-ти месецов, во рамки на фестивалот ќе биде прикажан нејзиниот филм „Кован“.

На англиски филмот е преведен „Kepping the bees“, а ја следи приказната за една девојка која го напушта животот во градот и се враќа во планините од нејзиното детство.

Таа ја исполнува последната желба на нејзината мајка и се грижи за пчелите.

meriem-film-2.jpg

Инаку фестивалот беше отворен во „Кино Русија“ на плоштадот Пушкин. Поради новонастанатата состојба со светската пандемија, голем дел од настаните ќе се оддржат во живо, а дел ќе бидат презентирани онлајн. Исто така воспоставени се рестрикции за посетеноста и престојот во филмските сали.

Повеќе фотографии во продолжение:

meriem-2.jpg

meriem-3.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...

Најчитани неделава