Наоми Кемпбел стана мајка за првпат на 50-годишна возраст

„Постојано мислам на тоа да имам деца, но сега со напредокот на науката мислам дека би можела да имам кога и да посакам“, изјави во 2017 година Наоми.

naomi-kempbel-stana-majka-za-prvpat-na-50-godishna-vozrast-01.jpg

Наоми Кемпбел стана мајка за првпат и тоа го објави на нејзиниот Инстаграм профил. 50-годишниот модел се реализираше во улогата на родител, 4 години откако изјави дека науката може да ѝ помогне да започне семејство кога и да посака.

Со фотографијата на која се гледаат стапалата на новороденчето таа напиша:

„Убав мал благослов ме одбра мене за да бидам нејзина мајка. Многу сум почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот и не постојат зборови кои можат да ја опишат врската за цел живот која сега ја споделувам со мојот мал ангел. Не постои поголема љубов.“

Во минатото Наоми велеше дека постојано помислува на тоа да има деца, но дека не планира да се избрза со основањето на семејство.

„Постојано мислам на тоа да имам деца, но сега со напредокот на науката мислам дека би можела да имам кога и да сакам“, изјави во 2017 година Наоми.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наоми Кемпбел (55) не старее - згодна во бикини, со тело како на 20-годишна девојка Доказ дека една од најпопуларните манекенки на сите времиња навистина изгледа од...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...

Најчитани неделава