Брза венчавка, домашно порно видео, насилство – бурниот брак на Памела Андерсон и Томи Ли

Една од најславните двојки во средината на 90-тите години од минатиот век беа актерката Памела Андерсон и тапанарот на Mötley Crüe, Томи Ли. Нивниот брак стана популарен токму поради домашната порно снимка која протече во јавноста и којашто всушност беше една од првите секс снимки на славни личности што се појави на интернет. Нивниот брак се одвиваше, но и се распадна пред очите на јавноста.

Burnata-vrska-na-Pamela-i-Tomi-Se-venchaa-po-prviot-sostanok-snimija-porno-videoa-a-se-razdelija-poradi-nasilstvo-01.jpg

Сега, речиси 25 години подоцна, се снима филм за нивната турбулентна врска, со Лили Џејмс и Себастијан Стен во главните улоги.

Во продолжение проследете неколку факти за тоа како се запознале и како нивните интимни моменти се најдоа пред очите на јавноста:

Како се запознале?

Памела Андерсон во тоа време беше доста популарна по улогата во серијата Baywatch, а со тапанарот Томи Ли се запознаа на Нова година во 1994-тата година во клуб во Холивуд. Томи, кој веќе беше разведен од Хедер Локлер, веднаш се вљубил во Памела и почнал да ѝ се додворува.

Burnata-vrska-na-Pamela-i-Tomi-Se-venchaa-po-prviot-sostanok-snimija-porno-videoa-a-se-razdelija-poradi-nasilstvo-02.jpg

Во мемоарите на бендот Mötley Crüe, насловен The Dirt, Томи вели дека набрзо по запознавањето добил говорна порака од Памела.

„Томи. Штета. Не си тука. Памела е. Имам 24 часа да си играм и сакам да си играм со тебе“ – наводно му рекла таа во пораката.

Томи одговорил така што веднаш отишол во продавница и купил секс-играчки и облека вредна 500 долари. Но, за жал, со Памела се сретна дури еден месец подоцна. По првиот состанок, тие на брзина стапија во брак со церемонија на плажа во Канкун.

Burnata-vrska-na-Pamela-i-Tomi-Se-venchaa-po-prviot-sostanok-snimija-porno-videoa-a-se-razdelija-poradi-nasilstvo-03.jpg

Порно снимка

Неколку дена по брзата венчавка двојката направила домашно видео додека биле на одмор. Оваа одлука ќе се покаже како пресудна, затоа што нивниот краток брак ќе биде обележен токму со легалната битка што тие ќе ја водат поради видеото.

„Го гледавме видеото еднаш и кога се вративме дома го ставивме во сеф скриен под тепихот во мојата контролна соба на студиото во гаражата“ – вели Томи.

Burnata-vrska-na-Pamela-i-Tomi-Se-venchaa-po-prviot-sostanok-snimija-porno-videoa-a-se-razdelija-poradi-nasilstvo-04.jpg

Неколку месеци подоцна и сефот, и лентата со видеото исчезнале. Според Rolling Stone, електричарот Ранд Гаутиер го украл сефот, а со него и фамозното видео. Тој бил ангажиран од страна на двојката да работи на реновирање на нивната куќа во Малибу.

Според Памела и Томи, тој не ги извршувал работите како што треба, па одлучиле да го отпуштат и одбиле да му платат. Кога електричарот се вратил да си го земе алатот, Томи му вперил сачмарка. Електричарот за одмазда го украл сефот мислејќи дека во него има пари, а не ни знаел дека внатре се крие видеото.

Burnata-vrska-na-Pamela-i-Tomi-Se-venchaa-po-prviot-sostanok-snimija-porno-videoa-a-se-razdelija-poradi-nasilstvo-05.jpg

Уште поголема случајност било тоа што Гаутиер во тоа време работел во порноиндустријата и кога сфатил што има на касетата, веднаш ја продал.

Како се прошири видеото?

Дури неколку месеци подоцна Памела и Томи сфатиле дека видеото со нивните интимни моменти е украдено. Веднаш пријавиле во полиција и побарале помош од приватниот детектив Ентони Пеликано за да открие што се случило.

Burnata-vrska-na-Pamela-i-Tomi-Se-venchaa-po-prviot-sostanok-snimija-porno-videoa-a-se-razdelija-poradi-nasilstvo-06.jpg

Набргу Томи добил повик од компанијата Internet Entertainment Group којашто ги откупила правата за касетата. Му кажале дека имаат намера да го објават видеото на интернет.

Адвокатите на славната двојка им препорачале дека најдобар начин да се избегнат последиците е да се потпише договор со којшто ќе им се дозволи еднократно емитување и забрана за продажба, копирање и реемитување. Парот го потпиша договорот, но не можеа да спречат снимката да се прошири на интернет.

Колку пари се заработија од видеоснимката ?

Со оглед на тоа што Памела и Томи не можеа да го спречат проширувањето на видеото, тие, на некој начин, беа принудени да се откажат од авторските права во 1997-мата година. Имено, иако претходно успеаја да ја задржат сопственоста над снимката, таа година се откажаа од авторските права и ги отстапија на компанијата Club Love.

Burnata-vrska-na-Pamela-i-Tomi-Se-venchaa-po-prviot-sostanok-snimija-porno-videoa-a-se-razdelija-poradi-nasilstvo-07.jpg

Беа потребни околу 2 години за видеото да стане вирално, а кога ја стекна славата, од него порнографските компании заработија околу 98 милиони долари за една година, и тоа само преку продажба. Сепак, Памела, Томи и електричарот Гаутиер не добија ниту цент од овие пари. Памела и Томи се обидуваа да ја тужат компанијата Club Love, затоа што сметаа дека правата ги отстапиле еднократно.

Крајот на бракот

Покрај проблемите со легалната битка што го одбележи нивниот брак, Томи и Памела сепак решија да формираат семејство. Двојката заедно има две деца - Брендон (1996) и Дилан (1997). Сепак, нивниот брак заврши со развод во 1998-мата година.

Во еден миг, постојаните кавги помеѓу Томи и Памела станале толку насилни, што тоа ги вознемирувало нивните мали деца. Памела одлучила дека поради тоа мора да поднесе документи за развод.

Burnata-vrska-na-Pamela-i-Tomi-Se-venchaa-po-prviot-sostanok-snimija-porno-videoa-a-se-razdelija-poradi-nasilstvo-08.jpg

Во мај 1998 година Томи доби шестмесечна затворска казна во затвор во Лос Анџелес за семејно насилство, за што немал приговор. Освен тоа, тој беше принуден да оди на советување, да изврши 200 часови општествена работа и да донира 6.200 долари во засолниште за жени што претрпеле семејно насилство. Ако на кој било начин не се придржувал до условната казна, можел да биде осуден на три години затворска казна.

По ова нивната врска беше готова. Откако Томи излезе од затвор тие се фокусираа само на децата. Иако многумина очекуваа дека Томи и Памела ќе се смират, тоа не беше така.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Го споредуваа со Џорџ Клуни, 30 години е вљубен во сопругата – Каде е и што прави денес Марко од сер... Бил познат фудбалер, но заради повредата се откажал од спортот и почнал да се за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg