„Го држи детето како моден додаток“: Емили Ратајковски објави фотки на кои го дои Силвестер, по критиките


„Го држи детето како моден додаток“: Емили Ратајковски објави фотки на кои го дои Силвестер, по критиките

По критиките за начинот на којшто го држи нејзиното дете, Емили Ратајковски објави нови фотки од одморот на Туркс и Кајкос каде што го слави 30-иот роденден, заедно со фотографија на која го дои синчето Силвестер.

go-drzhi-deteto-kako-moden-dodatok-emili-ratajkovski-objavi-fotki-na-koi-go-doi-silvester-po-kritikite-01.jpg

Емили Ратајковски го слави 30-тиот роденден со тропски одмор на Туркс и Кајкос, заедно со сопругот Себастијан и 3-месечниот Силвестер.

go-drzhi-deteto-kako-moden-dodatok-emili-ratajkovski-na-meta-na-kritiki-novi-fotki-so-doenje-so-sinot-silvester-05.jpg

Моделот сподели неколку фотки од роденденскиот одмор на кои го покажува совршеното тело само три месеци по породувањето.

go-drzhi-deteto-kako-moden-dodatok-emili-ratajkovski-na-meta-na-kritiki-novi-fotki-so-doenje-so-sinot-silvester-02.jpg

go-drzhi-deteto-kako-moden-dodatok-emili-ratajkovski-na-meta-na-kritiki-novi-fotki-so-doenje-so-sinot-silvester-06.jpg

go-drzhi-deteto-kako-moden-dodatok-emili-ratajkovski-na-meta-na-kritiki-novi-fotki-so-doenje-so-sinot-silvester-08.jpg

Моделот објави и неколку фотографии со Силвестер, вклучувајќи и фотки на кои го дои.

go-drzhi-deteto-kako-moden-dodatok-emili-ratajkovski-na-meta-na-kritiki-novi-fotki-so-doenje-so-sinot-silvester-03.jpg

go-drzhi-deteto-kako-moden-dodatok-emili-ratajkovski-na-meta-na-kritiki-novi-fotki-so-doenje-so-sinot-silvester-04.jpg

go-drzhi-deteto-kako-moden-dodatok-emili-ratajkovski-na-meta-na-kritiki-novi-fotki-so-doenje-so-sinot-silvester-07.jpg

Само неколку дена претходно, Емили беше критикувана за нејзините објави, најмногу поради тоа како го држи нејзиниот син. На „проблематичните“ фотографии, Емили и синчето носат исти костими за капење, а она што им го привлече вниманието на фановите е начинот на којшто таа го држи Силвестер.

Прочитајте повеќе: Емили Ратајковски (30) во смело бикини издание со синчето – 3 месеци по породувањето е во топ форма (фото)

Некои ја обвинија дека го држи детето како „моден додаток“, нагласувајќи дека тоа не е украс за нејзините Инстаграм фотки. Други пишуваа дека детето нема никаква потпора за главата и дека тој начин на држење може да биде опасен.

go-drzhi-deteto-kako-moden-dodatok-emili-ratajkovski-na-meta-na-kritiki-novi-fotki-so-doenje-so-sinot-silvester-08.jpg

По многуте критики, Емили дури и ги забрани коментарите на Инстаграм објавата, но фановите продолжија да коментираат на Твитер:

„Зошто го држи тоа мало беспомошно суштество како учебник?“

„Нема никаква поддршка на вратот. Како може една мајка така да го држи своето дете?“

„Го држи како моден додаток. Мило ми е што не сум само јас што го забележува ова“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Анџелина Џоли сведочи против Бред Пит и сака да го отстрани презимето од татко му Бракоразводната постапка трае веќе 5 години, а сега и 19-годишниот Медокс излезе...
Фотки од одморот на Емина Јаховиќ + кое ѝ е новото момче милионер, според гласините По разводот со Мустафа Сандал беше во врска со атрактивен 18-години постар турск...
Фотки од снимањето на првите сцени за Fast & Furious 9 – Вин Дизел веќе не е во форма Вин Дизел со пуштен стомак и банана во уста ѝ се придружи на Мишел Родригез на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg