Клои Кардашијан одлучи да стави крај на врската со Тристан Томпсон – го виделе како влегува во спална со 3 девојки

Уште една од сестрите Кардашијан реши да стави крај на долгогодишната врска. Клои Кардашијан наводно одлучила повторно да се раздели од Тристан Томпсон.

Kloi-Kardashijan-reshila-da-stavi-kraj-na-vsrkata-so-Tristan-Tompson-go-videle-kako-vleguva-vo-spalna-so-tri-devojki-01.jpg

Клои (36) и Тристан (30) повторно ја започнаа врската минатата есен, инаку тие се родители на 3-годишната Тру Томпсон. Пред само неколку месеци во медиумите кружеа гласини дека двојката се свршила и дека планираат да стапат во брак, откако Клои претходно објави фотографија на Инстаграм на која се гледаше огромен дијамантски прстен, но по сѐ изгледа засега нивната приказна нема да има среќен крај.

Ѕвездата на реалното шоу Kepping up with the Kardashians и НБА играчот сè уште не излегле со официјални информации дека ја прекинуваат врската, но според пишувањата во светските медиуми, наводно овојпат причина за раскинувањето на врската е тоа што Тристан бил забележан како влегува во соба заедно со уште три девојки на забава во Лос Анџелес.

Според изјавите на очевидци, забавата што се случила минатиот четврток (17.06) била организирана од познатиот музичар Дрејк и се одржувала во приватна куќа. На YouTube се појавија снимки од забавата каде наводно присуствувал и Тристан.

https://www.youtube.com/watch?v=2Qj6Y2oTyiM

„Тристан беше заедно со Дрејк, Диди и Крис Браун во поголемиот дел од вечерта. Го видовме како се забавува со повеќе девојки на горниот кат и потоа отиде во приватна соба со три девојки. Изгледаше добро расположен и сакаше да се забавува. Пиеше и се забавуваше до рано наутро“ – велат очевидци за E! News.

Тристан веднаш ги негираше ваквите пишувања, па затоа можеби ова не е причината за нивната разделба, туку нешто друго. 

Според други извори Клои и Тристан се разделени веќе неколку недели наназад, односно тие ставиле крај на врската, откако претходно 23-годишната Инстаграм инфлуенсерка Сидни Чејс тврдеше дека НБА играчот ја изневерил својата девојка со неа.

Инаку, Клои и Тристан беа заедно од 2016-тата година, а во 2018-тата станаа родители на Тру. Тие се разделија во 2019-тата година, откако Тристан бил виден како се бакнува со најдобрата другарка на Кајли Џенер, Џордин Вудс за време на забава во неговиот дом.

Сепак Клои и Тристан беа во добри односи, заедно ги прославија двата родендени на нивната ќерка, за минатата есен да најават дека се повторно заедно. Дали ова ќе значи дефинитивен крај на нивната врска или е само уште една од бројните драми останува да видиме.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Клои Кардашијан немала односи над 3 години: „Мајка ми ме тера да правам голи фотки, за секој случај“ Клои вели дека мајка ѝ Крис ја поттикнува да се фокусира на изгледот, да изгледа...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Парис Хилтон во штикли на плажа - пропаѓа во песокот додека сопругот вторпат ја запросува „Пет години подоцна, поради него срцето сè уште ми потскокнува. На Денот на...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава