Претерано или секси? Јелена Карлеуша со Gucci танга како на Ким Кардашијан
- Детали
- четврток, 05 август 2021
Таа не само што ги следи светските диви, туку оди и чекор понатаму, но дали олку голотија е премногу голотија за на социјални мрежи и се граничи со невкус?
Јелена Карлеуша беше на одмор во Турција со ќерките, а оттаму објави низа фотографии во смели модели на бикини, но највпечатливи беа танга бикините на Gucci.
Тие изгледаат само како врвки со знакчето на брендот одзади.
Во сличен таков танга модел од Gucci пред некоја година ги видовме и Ким Кардашијан и Соланж Ноулс. Ким во ова издание промовираше свои производи на Инстаграм, а Соланж се појави во нејзиниот спот за песната „Way to the Show”.
Сепак, во нивниот случај станува збор за долна облека која малку ѕирка и е подискретно издание од ова на Карлеуша, иако на многумина не им пречи што пејачката објавува провокативни фотографии.
Претерано или секси?
Оригиналната фотка на Карлеуша погледнете ја на нејзиниот Инстаграм профил ТУКА.
Повеќе фотки од одморот на Карлеуша:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





