Која е дадилката со која Бен Афлек ја изневери Џенифер Гарнер и што прави таа денес?

Во периодот пред Бен Афлек да се разведе со Џенифер Гарнер, нивната дадилка излезе со шокантни тврдења дека имала афера со актерот. Што прави дадилката Кристин Узониан денес?

koja-e-dadilkata-so-koja-ben-aflek-ja-izneveri-djenifer-garner-i-shto-pravi-taa-denes-01.jpg

Се чинеше дека Бен Aфлек и Џенифер Гарнер имаат совршен брак со три деца сè до 2015-тата година кога решија да се разведат.

Многумина велат дека главна причина за разводот се пороците на актерот, особено зависноста од алкохол. Но, според други, причина за нивниот развод беше и аферата со дадилката Кристин Узониан, што во тој период беше топ тема во медиумите.

koja-e-dadilkata-so-koja-ben-aflek-ja-izneveri-djenifer-garner-i-shto-pravi-taa-denes-06.jpg

Бен во тој период веќе имаше проблеми со Џенифер поради пороците, а многумина сметаа дека утеха нашол во младата дадилка. Се вели дека таа се надевала дека актерот ќе се вљуби во неа, но очигледно тоа не се случи.

koja-e-dadilkata-so-koja-ben-aflek-ja-izneveri-djenifer-garner-i-shto-pravi-taa-denes-04.jpg

Во периодот кога Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа на одмор на Бахамите во 2015-тата година со нив беше и Кристин, чија задача била да се грижи за децата.

Според гласините, во овој период Џенифер понала да се сомнева дека помеѓу Бен и Кристин се случува нешто повеќе, а таблоидите почнаа да пишуваат дека Кристин дала изјава како Бен ја завел додека се туширала.

koja-e-dadilkata-so-koja-ben-aflek-ja-izneveri-djenifer-garner-i-shto-pravi-taa-denes-02.jpg

Јасно беше дека Кристин не се обидуваше нештата да ги крие во тајност, па се чини дека се обиде да направи сè за да се поврзе себеси со Афлек. Таа и нејзините пријатели постојано се обидуваа да ја прошират приказната во таблоидите, но Бен тврдеше дека тоа се само лаги и измислици.

koja-e-dadilkata-so-koja-ben-aflek-ja-izneveri-djenifer-garner-i-shto-pravi-taa-denes-07.jpg

Јавно познато беше дека Бен мошне често ги посетува казината, а Кристин дури тврдеше дека во една прилика била заедно со него. Како и да е, откако почнаа да се шират гласините, Бен и Кристин станаа минато.

koja-e-dadilkata-so-koja-ben-aflek-ja-izneveri-djenifer-garner-i-shto-pravi-taa-denes-09.jpg

По најавата дека Бен и Џенифер ќе се разведат, Бен се пресели во гостинската куќа до нивната палата сè до 2017-тата година. Разводот беше финализиран во 2018-тата година, а Бен тврдеше дека тоа било неговата најголема грешка во животот.

По ова тој беше неколкупати на рехабилитација, во што му помагаше бившата Џенифер Гарнер, повеќепати им се враќаше на пороците, но по сè изгледа овојпат решил конечно да остане трезен. А што прави Кристин деновиве?

koja-e-dadilkata-so-koja-ben-aflek-ja-izneveri-djenifer-garner-i-shto-pravi-taa-denes-05.png

Под нејзиното име не можат да се најдат други профили на социјалните мрежи, освен нејзината професионална биографија.

Според нејзиниот профил на LinkedIn Кристин сега се занимава со продажба на недвижности.

Таа дури е асистент потпретседател на голема компанија во Лос Анџелес.

Интересно, во биографијата, во периодот кога таа работеше за Афлек и Гарнер навела дека работела како „личен асистент“ во Њујорк.

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Најомразените дадилки во Холивуд кои уништија цели семејства Бракот на Џенифер Гарнер и Бен Афлек заврши поради неговата афера со дадилка, а ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава